Kallxo.com: Како медиумите го „именуваа“ Кујтим Шала во одборот на косовската Пошта

 

Kосовската влада неодамна назначи нови членови на привремените одбори во три јавни претпријатија. Неколку портали пренесувајќи ја оваа вест објавија  дека во одборот на косовската Пошта бил назначен и Кујтим Шала, поранешен кандидат за пратеник од Движењето „Самоопределување“. Сервисот за проверка на факти во Косово, Каllxo.com  ги анализираше овие објави и оцени дека тие не се точни. Имено, поранешниот кандидат за пратеник, Шала не е назначен во ниту еден одбор, туку станува збор за друго лице со исто име и презиме.

Јас сум тој на фотографијата којашто се појави на порталите, но не сум избран во државен одбор, како што објавија порталите, рече Шала.

Тој вели дека лицето назначено во одборот на Поштата на Косово е друга личност со исто име, кој по професија е економист.

Разбрав преку портали, тогаш дознав дека тој е економист со исто име и презиме“, изјави Шала за KALLXO.com.

Порталите кои погрешно ја информираа јавноста за назначувањето на поранешниот кандидат за пратеник од „Самоопределување“ се: sinjali.com, insajderi.net, reporteri.net, gazetametro.net.

Во прилог може да се видат неколку фотографии (принтскринови) од овие погрешни објавени информации.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција