Kallxo.com: Косовскиот министер Земај не го одржа зборот за зголемување на бројот на ковид-тестови
Косовскиот министер за здравство, Арменд Земај, пред две недели вети дека за „три-четири дена“ ќе се зголемат капацитетите за тестирање за COVID-19. Земај ја даде оваа изјава на прес-конференција на 14 септември, одговарајќи на прашање на Сервисот за проверка на факти во Косово, Kаllxo.com .
Земај тогаш изјави дека се инсталирани два RT PCR уреди за да се вршат тестови, како и уште еден во Грачаница и дека во рок од три-четири дена капацитетите за тестирање ќе се зголемат.
Исто така, министерот минатата недела објави дека Министерството за здравство е во процес на набавка на опрема за тестирање на COVID-19 со методот PCR, која ќе биде распределена во регионалните центри.
Досега вкупниот број на тестирани лица во Косово достигна 63.638, додека 15.270 случаи биле позитивни.
МНОГУ ВЕТУВАЊА
Kallxo.com потсетува дека министерот за здравство, Земај, неколкупати досега ветуваше дека ќе го зголеми бројот на тестови.
Истото го вети и кога ги потпиша административните упатства за дозволување тестирање во приватни лаборатории, на 14 јули . За таа цел, Земај го предложи „Планот за зголемување на тестирањето за Ковид-19“, кој беше одобрен од Владата на Косово на почетокот на јули.
Земај вети дека ќе ги зголеми тестовите и во јуни, кога изјави дека ќе продолжат да ги зајакнуваат мерките за справување со пандемијата на коронавирусот, меѓу другото и преку зголемување на бројот на тестови.
Земај, неодамна запрашан кога ќе почне да се зголемува бројот на тестови на национално ниво, не даде прецизен датум. Тој само рече дека се во фаза на набавка на нова опрема за спроведување на тестови за ковид-19.
Министерството за здравство на Косово соопшти дека до крајот на оваа година се планира да се направат 100 илјади вирусолошки тестови и да се удвојат серолошките тестови со кои ќе се тестира популацијата со цел да се дијагностицира ковид-19.
Сепак, дури и по лиценцирањето на приватни лаборатории, во дневните објави на косовскиот институт за јавно здравје, бројот на извршени тестови во рок од 24 часа не е зголемен – во просек до 500 на ден.
Ветувањата не престанаа, неодамна, министерот за здравство, Арменд Земај објави нова стратегија за тестирање за COVID-19, односно има масовно тестирање за коронавирус.
Со оваа аргументација Kallxo.com, ветувањето на министерот Земај го оцени како неисполнето.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар