Каllxo.com: Косовските медиуми погрешно идентификуваа полицаец при апсењата во Карачево

 

Во голема акција на полицискиот инспекторат во Карачево, Kосово беа уапсени 12 полицајци. Апсењата на полицајците се извршени под сомнение дека тие помагале во работењето на нелегални казина во областа Карачево. Списокот на уапсените полицајци кружеше низ социјалните медиуми.

Сервисот за проверка на факти во Косово – Каllxo.com го провери списокот објавен од порталите, како што се „Индексонлајн“, „Сигнал“. „Инсајдер“ на „РТК“ тврди дека е уапсен полицаецот Селами Кастрати.

Во изјава за Каllxo.com, ќерка на полицаецот Кастрати, Кренаре ја демантира оваа вест.

Во објавената вест за списокот на полицајци уапсени во Карачево, неправедно е наведен и мојот родител – Селами Кастрати! Селами Кастрати е полицаец во пограничната област Карачево, но не е вклучен во последниот случај, а уште помалку е уапсен. Јас, како негова ќерка, и сите ние како членови на семејството, сме крајно огорчени од ваквото ширење на дезинформации, рече Кренаре Кастрати.

Во врска со овој случај, Каllxo.com контактираше и со Полицискиот инспекторат на Косово.Тие ја демантираа веста дека во оваа акција е уапсен полицаецот Селами Кастрати. Затоа, овие информации во  косовските медиуми, Каllxo.com ги оцени како лажни.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција