Kallxo.com: Курти го исполни ветувањето за CV-та на членовите на јавните претпријатија

Сервисот за проверка на факти во Косово (KALLXO.com) го анализираше ветувањето на премиерот Албин Курти дадено неодамна на телевизиската емисија „Животот во Косово“. Премиерот Курти јавно вети дека ќе ги испрати CV- јата на сите членови назначени во одборите на  јавните претпријатија.

Во емисијата „Животот во Косово“ , Курти изјави:

Јас лично ќе се заложам утре да ви ги испратиме овие дваесет CV-ја,

Еден ден по интервјуто, министерката за економија, вработување, трговија, индустрија и стратешки инвестиции, Розета Хајдари ги испрати до KALLXO.com CV-јата на членовите на седумте одбори на јавни претпријатија.

KALLXO.com ова ветување на Курти, го оцени како исполнето и најави дека наредните денови ќе ги објави CV-јата на членовите и претседавачите на седумте одбори на јавни претпријатија.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

>Vërtetmatësit, projekt për rritjen e llogaridhënies dhe përgjegjësisë të politikanëve dhe partive politike përpara qytetareve, i realizuar nga Fondacioni Metamorphosis Artikulli mundësohet me përkrahje të fondacionit jofitimprurës amerikan (NED - National Endowment for Democracy). .