Kallxo.com: Наместо 33 косовската Влада ќе има 35 заменици-министри

Калзо ( (kallxo.com – кој работи на проверка на фактите и е производ од соработката меѓу БИРН Косово и Интерњуз Косово) анализираше ветување на Самоопределување дека новата Влада на Косово ќе има 15 министерства, а околу 33 заменици.

Имено, според Калзо, Албин Курти се повлече од ветувањето за бројот на заменици-министри што ќе ги има неговата Влада. Тој првично рече дека новата Влада ќе има околу 33 заменици-министри, додека после тоа изјави дека, всушност, ќе бидат назначени 35 заменици-министри.

Значи, во новата Влада на Косово ќе има 15 министерства со 35 заменици-министри. Иако, бројот на заменици министри е значително помал од оној на претходната Влада, во која имаше околу 80 заменици- министри, сепак, Курти не го одржа зборот, а затоа Калзо ова ветување го оцени како неисполнето.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.