Каllxo.com: Не е вистина дека Уставниот суд одлучи во полза на претседателот Хашим Тачи

 

Каllxo.com (Сервисот за проверка на факти во Косово) провери напис објавен на порталот на Радио Телевизија Косово (РТК), во кој се вели дека Уставниот суд на Косово донесе одлука дека претседателот, Хашим Тачи не го прекршил Уставот во случајот кога тој се изјасни пред медиумите за состојбата со КОВИД-19 и беше против решението на Владата да го ограничи движењето на граѓаните.

Но, Уставниот суд на Косово сè уште не одлучувал за тврдењата на пратениците на Движењето „Самоопределување“  за кршење на Уставот од страна на претседателот Тачи, со неговите изјави во врска со ограничувањето на слободата на движење на граѓаните како превентивна мерка за ширење на КOВИД 19.

Веста објавена на порталот РТК ја демантираше и портпаролот на Уставниот суд, Ветон Дула. Дула за Kallxo.com изјави дека вестите во медиумите не се вистинити.

Затоа, оваа ифнормација на РТК,  Каllxo.com ја оцени како невистина.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција