Kallxo.com: Немаше закана за апсење на Беџет Пацоли

Изјавата на вршителот на должност министер за внатрешни работи, Џелал Свечла, за тоа кои се мерките што би се презеле во случај на нарушување на самоизолацијата од лидерот на АНК, Беџет Пацоли, беше погрешно толкувана од неколку политички протагонисти како и од самиот Пацоли.

Сервисот за проверка на факти во Косово, Каllxo.com  ги провери овие изјави и констатира дека изјавата на Свечла беше погрешно протолкувана од советникот на Пацоли, Jетлир Зимберај, претседателот Хашим Тачи, а и од самиот Пацоли.

Во нивните изјави се тврди дека Свечла се заканил дека ќе го уапси Пацоли ако ја прекине изолацијата и одлучи да оди во косовското Собрание.

Но, актуелниот министер за внатрешни работи, Џелал Свечла, не изјави дека Пацоли би бил уапсен ако отиде во Собранието да гласа за новата влада. Имено, за КТВ  тој изјави дека доколку Пацоли ја прекине својата самоизолација за да отиде на  закажаната седница, има и други мерки. Односно, не се оди директно на апсење, туку може да се врати во самоизолација, да се казни, а во најлош случај да биде испратен во државен карантин во Студентскиот центар во Приштина.

Светчла во неговата изјава додаде дека Пацоли како и сите другите граѓани кои влегоа во Косово по затворањето на границите, треба да се изолира 14 дена и нема да му биде дозволено да оди во Собранието пред да заврши периодот од 14 дена.

Затоа, КАLLXO.com овие изјави на преседателот Тачи, советникот на Пацоли, Јетлир Зимберај и на самиот Пацоли, ги смета за спин.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција