Каllxo.com: Неточна е информацијата дека шоферот на Блерим Река е позитивен на Ковид-19

Фото: Калзо

Аактуелниот премиер на Косово, Албин Курти, заедно со министерот за европски интеграции, Блерим Река,  од вчера се во самоизолација откако имале контакт со возачот на Министерството за европски интеграции, кој пак, во текот на денот бил тестиран бидејќи имал контакт со пациент позитивен на Ковид-19.

Пред да се објават резултатите од Националниот институт за јавно здравје, порталот „Индексонлин“ објави напис во кој во насловот вели дека возачот на Министерството за европски интеграции е позитивен на коронавирус. Истата вест ја објави и друг портал – „Инфо Косово“, кој се повика на информацијата објавена во „Индексонлин“.

Ова го негираше портпаролот на Владата на Косово, Перпарим Кирезиу, кој за Сервисот за проверка на факти во Косово, Калзо (KALLXO.com) изјави дека резултатите се негативни.

Можам да потврдам дека претставникот на Министерството за интеграција е негативен со коронавирусот. Па, дозволете ми да ви објаснам дека истиот службеник е возач на Министерството, рече Криезиу.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција