Каllxo.com: Невистинита изјава на Мустафа за „последниот состанок” со Самоопределување

 

Лидерот на Демократската лига на Косово (ЛДК), Иса Мустафа, на прес-конференција на 15 јануари (2020) рече дека ќе има само еден состанок со Движењето Самоопределување (ДС) за да го потпише договорот. Калзо ( (kallxo.com – кој работи на проверка на фактите и е производ од соработката меѓу БИРН Косово и Интерњуз Косово) ја провери ова изјава на Мустафа и заклучи дека Мустафа не го одржа зборот.

Имено, Мустафа има одржано уште три средби со лидерот на ДС, Албин Курти, но нема договор или заклучок дека двете партии ќе постигнат согласност. Двете страни предупредуваат дека може да има и други состаноци со оглед на тоа што нивните ставови сè уште не се усогласени.

Затоа, Калзо (kallxo.com), ова изјава на Иса Мустафа ја оцени како невистина.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција