Kallxo.com: Ветувањата на министерките во новата Влада на Косово

Калзо ( (kallxo.com – кој работи на проверка на фактите и е производ од соработката меѓу БИРН Косово и Интерњуз Косово) ги сподели со јавноста ветувањата на министерките во новата Влада на Косово дадени во емисијата “Jeta në Kosovë”. Седумте жени на водечките позиции во новата Влада дадоа ветувања за она што тие тврдат дека ќе го остваруват во текот на четиригодишниот мандат.

Вјоса Османи, претседател на Собранието, главно вети дека ќе се залага да се зачува парламентарната демократија. Албулена Хаџиу, министер за правда, смета дека главниот предизвик е ветингот во правосудниот систем. Министерката за администрација и за локална самоуправа Емилија Реџепи, која потекнува од бошњачката заедница, вети дека ќе врши поголома контрола врз локалната самоуправа, а со тоа ќе се залага општините да бидат потранспарентни, а исто така, вети дека ќе разгледа како се приватизираа и како се користат јавните имоти. Розета Хајдари, министер за економија, вети дека ќе се посвети во делот од програмата за вработување на младите. Валона Думоши, министер за култура, вети дека ќе изгради три важни објекти во областа што ја води: нов стадион, театар за опера и балет и музеј за современа уметност. Од друга страна, Хикмете Бајрами, министер за образование, рече дека нема да врши политички притисок врз образованието и дека ќе соработува со синдикатите.

На крајот, потпретседателката на Собранието, Арбрие Нагавци, вети враќање достоинството на Собранието и поотворено Собрание кон граѓаните, како и мониторинг на власта.

Владиниот кабинет предводен од Албин Курти успеа да има 30% жени во новиот состав. Оваа Влада има најголем број жени досега на високи државни позиции.

Калзо најави дека ќе продолжи да ги следи овие ветувања на министерките и  на потпретседателката на  Парламентот  и за нивното спроведување ќе ја информира јавноста.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција