Каllxo.com: Ветувањето на Хоти и ДЛК за мала влада е неисполнето

 

Новиот косовски премиер не го исполни едно од поважните ветувања за мала влада без многу функционери по министерствата, потврди проверката на KALLXO.com

 

Авдулах Хоти не го исполни ветувањето дадена од неговата партија, ДЛК, за мала влада, потврди сервисот за проверка на факти, Kallxo.com. Хоти дури го копира Рамуш Харадинај, кого го обвини за назначување 80 заменици министри, координатори и друг придружен персонал. Владата на Хоти во моментот го чува во тајност бројот на именувани заменици министри. KALLXO.com го објавува бројот на заменици министри во одредени министерства, што оди до 5 заменици министри по министерство.

Првото ветување во програмата за управување со ДЛК беше заложба за „влада со 12 министерства и 24 заменици министри“.

„Косовската влада ќе има 12 министерства, секое со само двајца заменици министри. Сите позиции на националните координатори и другите тела создадени во меѓувреме ќе бидат згаснати на првиот ден од работата на новата влада“, се вели во планот на програмата за управување на ДЛК наречена „Верувај“.

Но, работите сега се сменети. Кога стана премиер, Авдулах Хоти го копираше Харадинај, кого и го критикуваше. Затоа, Каllxo.com ова ветување на Хоти и ДЛК, го оцени како неисполнето.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција