Kallxo.com: Заменик-претседателот на ДПК погрешно го толкуваше Законот за јавните претпријатија

Заменик-претседателот на Демократската партија на Косово, Шаќир Тотај, во емисијата „Дебата“ на Радиотелевизијата на Косово, погрешно го толкуваше Законот за јавни претпријатија во врска со назначувањата на привремените одбори од Владата на Косово, провери Сервисот за проверка на факти во Косово – kallxo.com.

Зборувајќи на оваа тема, Тотај рече дека според Законот за јавни претпријатија процедурите за назначување на привремени одбори на јавните претпријатија се исти како за постојаните одбори.

Но, проверката на Каllxo.com  покажа дека тоа што го изјави Тотај не е точно. Во Законот не се вели дека постапките се исти. Законот не бара отворање на конкурс за именување на привремени одбори.

Во Законот се вели дека во случај на разрешување на одреден постојан одбор Владата мора да назначи привремен одбор.

Така, во член 43 од Законот се наведува дека именувањето на привремената одбор е функционално сè до изборот на постојан одбор во согласност со член 15. Член 15, пак,  бара отворање на конкурсот и ги утврдува процедурите што треба да ги следи Владата до изборот на постојан одбор.

А кога станува збор за привремени одбори, Законот за јавни претпријатија ја задолжува Владата за време на назначувањето на членови на овие тела да вложи максимални напори тие во целост да ги исполнуваат утврдените критериуми.

Со ова образложение, Каllxo изјавата на Тотај ја оцени како невистина.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција