Kallxo.com:Премиерот на Косово го утна датумот на падот на Берлинскиот ѕид

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, ја промаши годишнината од падот на Берлинскиот зид во Германија, известува Сервисот за проверка на факти во Косово, Каllxo.com.

Потсетувајќи на годишнината од обединувањето на Германија во сабота, Хоти на Фејсбук напиша дека се оболежуваaт 30 години од падот на Берлинскиот ѕид.

Но, всушност, оваа годишнина беше во ноември минатата година, бидејќи тој месец 1989 година падна Берлинскиот ѕид.

Денеска се обележуваат 30 години од падот на Берлинскиот ѕид и обединувањето на Германија. Во 1989 година, со отворањето на германско-германската граница, многу луѓе од Исток се преселија на Запад за да уживаат во слободата. Со овој чин тие ги срушија идеолошките и политичките бариери и дадоа западен правец на Германија и суштински придонес во обликувањето на денешна Европа, напиша Хоти, меѓу другото, на Фејсбук.

На 9 ноември 1989 година падна Берлинскиот ѕид, скоро четири децении по неговата изградба, што беше симбол на поделбата на Германија и поделбата на целиот свет на два блока.

Додека, 3 октомври се памети како годишнина од обединувањето на Германија во 1990 година. Затоа, Kallxo.com, ова изјава на Хоти ја смета како промашена, односно невистина.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција