Калзо: Лажна вест е дека на митингот на „Самоопределување“ немало косовско знаме

Во петокот на плоштадот „Скендербег“ во Приштина се одржа митинг на Движењето „Самоопределување“ (ДС) во чест на 21-годишнината од ослободувањето на Косово и 15-годишнината од формирањето на партијата.

За време на митингот беа забележани бројни национални знамиња, а беше објавено дека нема косовски знамиња.

Така, РТК објави вест: „Нема знаме на Косово на митингот на ДС“.

Од друга страна, Адил Бехрамај, советник на претседателот ХашимТачи,  во објава на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека нема државно знаме на Косово на митингот на ДС.

Екипите на  Сервисот за проверка на факти во Косово – „Калзо“ (Kallxo.com) кои го следеа митингот на „ Самоопределување“ објавија дека имало знамиња на Косово. Од Калзо презентираа фотографија од собирот на која може да си види знаме на Косово, па оваа информација ја оценија како невистина.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.