Калзо: ДЛК вети Влада со 12 министри, а направи со 16
Пратениците на Собранието на Косово гласаа за новата Влада составена од коалицијата ДЛК-ААК-НИСМА-Српски список, предводена од Абдулах Хоти. Владата на Хоти се состои од 4 вицепремиери и 16 министри. За новата влада гласаа 61 пратеник, 24 беа против и 1 воздржан. На гласањето учествуваа 86 пратеници.
ДЛК на изборите од 6 октомври 2019 година вети дека ќе има 12 министри, но наспроти ова ветување Владата на Хоти има плус 4 министри, односно вкупно 16.
Претседателот на ДЛК, Иса Мустафа, по состанокот на партиското раководство, на 23 април рече дека тие се согласија да задржат 15 министри. Мустафа тогаш додаде дека воопшто не се заинтересирани да имаат повеќе министерства.
Но, неколку дена подоцна, ДЛК соопшти дека одлучила да додаде уште едно министерство.
На 1 мај премиерот Хоти рече дека новата Влада, предводена од него, ќе има 16 министри .
Промената на бројот на министерства е првата невистина на коалицијата ДС-ДЛК. Имено, двете партии кои формираа коалиција по изборите на 6 октомври повеќе пати изјавуваа дека бројот на министрите во нивната влада ќе биде 12. Вакви изјави имаа и претседателот на Движењето Самоопределување, Албин Курти, а од ДЛК, Лумир Абдиџику и Абдулах Хоти. Но, во договорот потпишан за владејачката коалиција, двете партии се согласија Владата на Курти да има 15 министри. Владата предводена од Курти ја презеде должноста на 3 февруари 2020 година, но не траеше долго откако по 50 дена на власт, на 25 март 2020 година беше изгласана иницијативата за недоверба иницирана од ДЛК.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар