КАМ маркет не подарува фрижидери со логото на „Пепси“
Станува збор за измама и лажна наградна игра која има за цел да собере лични податоци од граѓаните и подоцна истите да ги злоупотреби. На официјалната Фејсбук страница на КАМ маркет нема информација за некаква наградна игра во која на 43-годишници им се подаруваат „Пепси“ фрижидери. Но, затоа има предупредување за лажната наградна игра.
Очигледно е дека станува збор за измама и лажна наградна игра која има за цел да собере лични податоци од граѓаните и подоцна истите да ги злоупотреби. На официјалната Фејсбук страница на КАМ маркет нема информација за некаква наградна игра во која на 43-годишници им се подаруваат „Пепси“ фрижидери. Но, затоа има предупредување за лажната наградна игра
Анализираме објава на Фејсбук која вели:
ИМАТЕ ЛИ 43 ГОДИНИ СЕГА?Честитки! Ако имате 43 години, имате одлична можност да добиете подарочен сет PEPSI со мини фрижидер во продавниците на KAM!
KAM започнува рекламна кампања во која секој жител на Северна Македонија
што има точно 43 години може да добие подарочен сет PEPSI со мини фрижидер во продавниците на KAM
Посетете ја веб-страницата за да го подигнете вашиот подарочен сет PEPSI!

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ!
Почитувани потрошувачи,
на социјалните мрежи кружат повеќе лажни наградни игри под името на КАМ, кои НЕ се организирани од наша страна и немаат никаква поврзаност со нашата компанија.
🔴 Kружат повеќе варијанти од лажни наградни игри со таргет на различна годишна возраст!
❗ Ве советуваме да не ги споделувате вашите лични податоци доколку наидете на вакви објави!
👉 За да бидете сигурни дека сте на нашата вистинска страница, проверете дали постои СИНА ЗНАЧКА ☑️ до името на профилот – тоа е единствениот доказ дека се наоѓате на официјалниот профил на КАМ и дека информациите доаѓаат директно од нас.
Ви благодариме за довербата и бидете внимателни!, стои во објавата на КАМ.
Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е измама и истата ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар