Каналот во Арачиново сè уште е незавршен

За време на предизборната кампања за изборите во 2011 година, поранешниот министер за екологија, Абдулаќим Адеми, од редовите на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), изјави дека се издвоени средства од Буџетот на Република Македонија за изградба на отворениот канал во Арачиново. 

„Средствата ќе се обезбедат од Буџетот на Република Македонија и каналот би требало да биде завршен во 2012 година„. (Извор: Aлсат-М)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Каналот кој што беше долгогодишен проблем за жителите на ова место, досега, не е реализиран. Во 2012 година каналот беше во иста состојба како и порано. Во јули таа година (2012), Владата усвои проект за изградба на овој канал. Портпаролот на Владата на РМ, Мухамед Хоџа, рече дека овој проект ќе заврши кон средината на 2013 година. (Извор: Aлсат-М, 25.07. 2012)

Но, и ова ветување остана без завршница, а ветувањата продолжија и понатаму.

Поранешниот министер за екологија, Абдулаќим Адеми, заедно со градоначалникот на општина Арачиново, Брахим Ајвази, на 18 јуни 2013, се појавија пред овој канал со градежна машинерија и изјавија дека конечно тој ден проектот почнува да се реализира и дека тој ќе биде завршен во 2014 година.

„Денеска официјално почнуваат работите, бидејќи потпишавме договор со компанијата која што треба да ги изврши работите, и денеска дефинитивно почнуваме со работа и се надевам дека за кратко време ќе дојдеме пак и ќе бидеме сведоци на конкретно извршените работи.„ (Извор: Aласат-M, 18.06.2013)

Ниту овој пат немаше резултати, бидејќи се работеше само неколку дена. Се среди само просторот на каналот пред училиштето „Ѓерѓ Кастриоти – Скендербег„.

На 9 јануари 2014, екс-министерот Адеми, изврши инспекција на работите во Арачиново за да ги види конкретните работи кои што ги вети пред една година. Сепак, иако немаше некоја конкретна завршена работа, Адеми се правдаше дека работите ќе продолжат во 2014 и 2015 година.

„Можам да ве информирам дека во 2013 година ние на компанијата и исплативме 150.000 eвра, додека во 2014 година се обезбедени околу 180.000 евра, како што е предвидено со динамиката за реализација на овој проект, а за 2015 година се предвидени 800.000 евра.„ (Извор: Aлсат-M, 09.01.2014)

Неговиот наследник на ова функција, Башким Амети, во месец мај 2016 година, рече дека се очекува да се најдат средства, но не можеше да даде некое ветување во врска со тоа кога ќе заврши овој проект. (Извор: TВ Шења, 27.05. 2016)

„Се очекува наскоро да најдеме средства за продолжување на тој канал, меѓутоа во моментов нема некој конкретен датум.“

Да потсетиме дека ветувањата почнаа уште од 2010 година, кога ова место беше посетено од тогашниот министер за екологија, Неџати Јакупи, после реакцијата на жителите дека се занемарени.

Од сето ова, според методологијата на Вистиномер, можеме да заклучиме дека проектот „Фекална канализација во Арачиново (Општина Арачиново)“ досега, не е реализиран. 

Оцени: Рабије Абази

Извори:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција