Капитацискиот бод за стоматолозите достигна 48 денари

Фото: pixabay.com

 Зголемување на капитацијата по пациент за матичните стоматолози од 40 на 70 денари.

 [Извор: Изборна програма на СДСМ, (2016), „План за живот во Македонија“ ( стр.139 и стр.253); датум: декември 2016]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

За предвремените парламентарни избори (декември 2016 г.) СДСМ вети „зголемување на капитацијата по пациент за матичните стоматолози од 40 на 70 денари“. Ова изборно ветување на социјалдемократите е дадено во нивната програма: „План за живот во Македонија“ , со која излегоа на изборите во 2016 година  и  тоа е само делумно исполнето.

Зголемувањето на капитацискиот бод за стоматолозите се споменува на  две места во Изборната програма, најнапред на почетокот во делот Добро јавно здравство“ (стр.139), а потоа и во рамките на „Планот 24м – итни реформски приоритети на новата Влада во првите 2 години“ , во делот Здравство“ (стр.253). Според изборно проектираниот рок капитацијата требаше да се зголеми на 70 денари по пациент најдоцна до  први јуни (2019), со оглед на тоа што Владата предводена од СДСМ беше избрана на 31 мај 2017 година.

Неодамна (30.10.2019) на заедничка  на прес-конференција, на која говореа премиерот Зоран Заев, министерот за здравство, Венко Филипче,  како и директорите на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев и Орхан Рамадани,  беше соопштено дека почнувајќи од први ноември

Матичните лекари  – општи, гинеколози и стоматолози ќе добијат зголемување на капитациониот бод за 8 денари. За оваа цел од Буџетот се обезбедени 465 милиони денари

Со ова покачување капитцискиот бод, како што ни посочија стоматолозите со кои контактиравме, од 40 се зголеми на  48 денари.

Имајќи предвид дека СДСМ за вонредните парламентарни избори вети  дека во првите две години од мандатот на Владата  капитацискиот бод ќе достигне 70 денари, според методологијата на „Вистиномер“ , бидејќи сепак е направено одредено зголемување на капитацијата, ветувањето го оценуваме како делумно исполнето.

ИЗВОРИ:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција