Категорија...

Конкретно

konkretna obećanja iz 2006.

ВМРО-ДПМНЕ: Укинување на нотарски изјави

Во моментот голем проблем е обемната заверка на документи на нотар при отворање фирма . Затоа, ќе го измениме законот за трговски друштва, во насока на бришење на обврската за нотарска заверка на изјавите. Рок: декември 2008 година.

ВМРО-ДПМНЕ: Електронска регистрација на бизнис

Спроведувањето на овој проект ќе овозможи целосна електронска достава на документи за отворање фирма, со што дополнително ќе се поедностават постапките и ќе се намалат трошоците. (Рок август 2009). Ќе се овозможи фирмите електронски да…

ВМРО-ДПМНЕ: Учество на тендери по електронски пат

За зголемување на употребата на дигитални потписи во законот за јавни набавки предвидовме фирмите што сакаат да учествуваат на тендерите на јавната администрација истото да можат да го сторат по електронски пат. Рок: 2008 година.

ВМРО-ДПМНЕ: Укинување на продонес за здравствено осигурување во првите 18 месеци за млади и други…

Ќе го укинеме придонесот за здравствено осигурување во првите 18 месеци од вработувањето на млади лица до 27 години, со услов да бидат вработени најмалку уште 2 години потоа. Истата поволност ќе важи и за вработување на лица што останале…

ВМРО-ДПМНЕ: Намалување на продонесот за пензиско

Придонесот за пензиско осигурување ќе се намали од 21,2 отсто на 15 проценти. Според, Преродбата во 100 чекори, (проширена и надградена) ова намалување ќе оди во три чекори и тоа овој процент постепено треба да се намалува во 2009, 2010…

ВМРО-ДПМНЕ: Приватизација на фирмите во државна сопственост

Истовремено ќе го завршиме процесот на приватизација на фирмите во државна сопственост (ЕМО, Охис, Еурокомпозит, Сувенир,  тутунски комбинат Прилеп), со обврзувачки принцип  стратешкиот инвеститор да ги задржи вработените.