Катната гаража на улицата Свети Кирил и Методиј чинеше 1,4 милиони евра повеќе
Доизградба на катната гаража на улица „ Свети Кирил и Методиј“ (поранешна улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“), со што ќе се добијат 445 нови паркинг-места. ( Рок: 2013 година)
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Проектот: „ДОИЗГРАДБА НА КАТНА ГАРАЖА НА УЛИЦА „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“, е исполнето ветување на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, кое тој го даде во неговата Изборната програма (2013-2017) „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобро Скопје“, ( во делот Урбанизам, булевари, мостови, стр. 55), со којашто излезе на локалните избори во 2013 година. Овој објект почна да се гради во 2011 година (во претходниот мандат на Трајановски ), а според првичните проекции требаше да биде готов до 2013 година. И наместо 656 милиони денари за него се потрошени 743 милиони денари односно, оваа катна гаража чини 87 милиони денари (околу 1,4 милиони евра) повеќе од првичните пресметки.
Катната гаража на улицата Свети Кирил и Методиј , спроти дирекцијата на „Макпетрол“ е пуштена во употреба во септември 2013 година. Гаражата има два ката под земја и седум над земја и е со капацитет од 445 паркинг места.
На свечената церемонија по повод пуштањето во употреба на овој објект, Трајановски изјави:.
За изградба на катната гаража Градот Скопје вложи околу 743 милиони денари, а на терен работеа градежниците од ГД „Гранит“ од Скопје. Проектот за катната гаража е на група автори – Минас Бакалчев, Митко Хаџи Пуља, Саша Тасиќ, Александар Радевски, Никола Стрезовски и Дамјан Момировски, а авторите на фасадата се од фирмата ППАГ од Австрија. Со оваа катна гаража ќе стопанисува ЈП „Градски паркинг, а цената на паркирање ќе изнесува 30 денари од час.
Возилата имаат пристап до катната гаража преку новопроектираната улица која е поврзана со улицата Свети Кирил и Методиј, со по два влеза и излеза за возилата и четири влеза за корисниците на паркингот. Во рамките на објектот се достапни 17 паркинг места за лицата со посебни потреби. Приземјето и последниот кат се наменети за деловен простор, со површина од 1.244 метри квадратни.
Фасадата на зданието е уникатна, изработена е од ламинантни панели од дрво со голема издржливост на атмосферски влијанија. Ваквото решение овозможува природна вентилација на објектот. За илуминација на неговиот надворешен изглед се поставени 496 светилки со ЛЕД диоди.
Објектот во ноември 2013 година ја доби наградата за архитектура за 2013 година на традиционалната манифестацијата „ „Архитектура на Град Скопје – АСК “, а во април 2014 доби меѓународно архитектонско признание кога освои најмногу гласови на интернет гласањето за наградата „Архитизер А+“ во категоријата на паркинг објекти.
Катната гаража со две подземни и седум надземни нивоа започна да се гради во март 2011 година. Според тогашните проекции, гаражата требаше да биде готова за две години (март 2013) и да чини околу 656 милиони денари. На поставувањето камен-темелник, Трајановски изјави:
За изградба на катната гаража Градот Скопје ќе потроши околу 656 милиони денари. На изградба на објектот ќе работат градежниците од ГД „Гранит“ АД Скопје, а рокот на изградба е две години… Објектот катна гаража на улицата Мито Хаџивасилев Јасмин е современ објект со модерен систем за греење и за ладење.
ЛИНКОВИ:
- Извор: Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски (2013-2017), Нови дела за нов напредок, нови дела за подобро Скопје! (во делот Урбанизам, булевари, мостови стр. 54) [Пристапено: 22.05.2016]
- Тајм.мк (08.09.2013): Скопје добива уште една катна гаража [Пристапено: 25.05.2016]
- Билд (08.09.2013): Профункционира уште една катна гаража во центарот на Скопје [Пристапено: 25.05.2016]
- Билд (15.11.2013): Фасадата на катната гаража спроти „Макпетрол“ победник на АСК 2013 [Пристапено: 25.05.2016]
- Билд (15.11.2013):Меѓународно архитектонско признание за гаражата спроти „Макпетрол“ [Пристапено: 25.05.2016]
- Билд (18.03.2011): Започна изградба на катна гаража близу Цветниот пазар [Пристапено: 25.05.2016]
- Журнал (18.03.2011): Почна изградба на новата катна гаража во Скопје [Пристапено: 25.05.2016]
Оценето од: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар