Кавадарчани добија проект „Мој општинар“

Фото: kavadarci.gov.mk

 

ВЕТУВАЊЕ: Кавадарци за првпат ќе има нов иновативен проект, тоа е „Мој општинар“, а тоа значи дека нема да има веќе редици во општината, туку општинарите ќе одат на терен кај вас дома. 

Предизборно ветување на Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци , датум: октомври 2017] 

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето за проектот „Мој општинар“ е исполнето ветување на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Тој ова ветување го даде за време на предизборната кампања за локалните избори кои се одржаа на 15.10.2017 година.

На предизборен митинг во Кавадарци, Јанчев, претставувајќи ги своите проекти пред кавадарчани, меѓу другото, порача дека ќе има отворени врати за да ги слушне нивните проблеми, односно, дека ќе го реализира проектот „Мој општинар“.

Додека ја правев програмата, секогаш ја замислував иднината на моите три деца. Ќе создадам услови нема само како татко, туку и како градоначалник. Кавадарци за првпат ќе има нов иновативен проект, тоа е „Мој општинар“, а тоа значи дека нема да има веќе редици во Општината, туку општинарите ќе одат на терен кај вас дома, изјави Јанчев.

Два месеци по неговиот избор за градоначалник на Кавадарци, Јанчев, на 11.12.2017 година, го промовираше проектот „Мој општинар“.

Општина Кавадарци денеска го промовираше проектот „Мој општинар”, за кој градоначалникот Митко Јанчев рече дека ќе биде во интерес на кавадарчани, оти побрзо ќе се решаваат евентуалните проблеми, јави Сител.

На 10.01.2018 година, Општина Кавадарци објави соопштение во кое се наведуваат придобивките од проектот „Мој општинар“ во првиот месец од функционирањето.

Првата недела општинарите ја искористија за запознавање на своите реони и запознавање со граѓаните. Веќе во наредниот период започнаа проект „За убаво Кавадарци“, кој ќе биде еден долг процес во кој најголемо учество ќе имаат општинарите. Се чистат сите помали и поголеми диви депонии во градот. Секој општинар според потребите на својот реон организира акции со кои дивите депонии исчезнуваат. Освен депониите се чисти и целиот град. Се решаваат мали проблеми за кои треба малку работа, но до сега не биле решени, пренесе А1 он.

На 19.07.2018 година, на официјалната Фејсбук страница на градоначалникот на Кавадарци, беше објавено видео: „Изминатите 8 месеци сведочат за функционалноста на „Мој општинар“, прв ваков проект во Република Македонија“.

Видеото го пренесе порталот Плусинфо на 20.07.2018 година.

Проектот „Мој општинар“ во Општина Кавадарци, функционира веќе осум месеци преку девет одделни реони каде секој реон има свој општинар кој континуирано последните осум месеци е излезен на терен. Овој прокет има главна задача лично од граѓаните да се примаат забелешките за проблемите кои може да се решат, а се во надлежност на локалната самоуправа.

Имајќи го предвид сето ова, може да се заклучи дека ова изборно ветување на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, е исполнето

 

ИЗВОРИ:

Оцени: Ана Анастасовска

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Оставете реакција