Кавадарчани останаа без зоолошка градина
Проект: Изградба на школска зоолошка градина во склоп на градскиот парк.
Зоолошката градина ќе биде наменета за најмладите, каде што ќе може да запознаат со животни од нашето поднебје. (Рок: 2014 година)
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Ветувањето за изградба на школска зоолошка градина во склоп на градскиот парк во Кавадарци е дел од предизборната програма на градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, за локалните избори 2013-2017 година. Ова ветување на Панов, кој е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, е неисполнето.
Кон крајот на педесетите па се до почетокот на седумдесетите години од минатиот век, во градскиот парк во Кавадарци имало Зоолошка градина, која била масовно посетена. Според проверката што ја направи „Вистиномер“, ветувањето на градоначалникот Панов дека на кавадарчани ќе им ја врати зоолошката градина, останало само на хартија.
На 15.11.2016 година, Фокус излезе со напис: „Кавадарчани до градоначалникот: Цано, дека е в’кот ?“.
Кавадарци отсекогаш имало ЗОО градина. Токму поради тоа барање на граѓаните, и нешто што е наше идно дело во новата програма на ВМРО ДПМНЕ за овие локални избори, е изградба на оваа зоолошка градина, која ќе биде овде, на старата локација, во градскиот парк. Се работи за школска детска градина која што нашите деца ќе ги запознае со целото животинско царство во Република Македонија и на Балканот. Со тоа ќе го збогатиме фондот на знаење на нашите деца, вети Панов уште пред три години.
Текстот всушност е инспириран од напис објавен претходниот ден на сајтот Тиквешија, во кој кавадарчани го прашуваат Панов каде е зоолошката градина. Во рамки на написот објавено е и видео на кое се слуша како Панов го дал ова ветување и тоа од локацијата, каде е најавено дека ќе се градела градината за која имало и проект.
Кога идат избори се ветува се и сешто, па макар тоа биле глупости и нереални работи. Такво е ветувањето во 2013 година во кампањата за локалните избори на актуелниот градоначалник. Цано вети замислете, ќе правел зоолошка градина во градскиот парк.
Во отчетите за сработеното кои градоначалникот ги дал во 2014 и во 2016 година, никаде не се спомнува зоолошката градина.
Од сето ова може да се заклучи дека ветувањето на Панов за школска зоолошка градина не е исполнето.
ИЗВОРИ:
- Програма за локални избори (2013-2017) на градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов – „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра општина Кавадарци“ (стр.52) [Пристапено на 24.03.2017]
- Фејсбук страна Кавадарци [Пристапено на 24.03.2017]
- Фокус (15.11.2016) – Кавадарчани до градоначалникот: Цано, дека е в’кот ? [Пристапено на 24.03.2017]
- Тиквешија.вордпрес (14.11.2016) – Избега волкот од зоолошката градина во Кавадарци! Или пак воопшто не стигна до неа? (ВИДЕО) [Пристапено на 24.03.2017]
- Јутјуб (01.04.2013) – Промоција на проектите – ЗОО образовна градина и нова детска градинка [Пристапено на 24.03.2017]
- Прес 24 (03.11.2016) – Панов излезе со отчет за сработените проекти во Кавадарци во изминатата година [Пристапено на 24.03.2017]
- Фаланга (26.01.2014) – Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов даде отчет за сработеното [Пристапено на 24.03.2017]
Оцени: Ана Анастасовска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар