Кинескиот претседател Си Џинпинг не твита
Кинескиот претседател Си Џинпинг не користи социјални мрежи, а уште помалку ја користи социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер) бидејќи тој е блокиран во Кина од 2009 година, по немирите во Урумчи (главниот град на регионот Синџијанг). Тоа значи дека не може да се пристапи до него без користење на VPN (виртуелна приватна мрежа), која ja заобиколува интернет-цензурата што ја спроведува кинеската држава. Kомуникацијата на кинескиот претседател со јавноста оди преку државни канали и медиуми, кои ги пренесуваат неговите пораки и активности.
Кинескиот претседател Си Џинпинг не користи социјални мрежи, а уште помалку ја користи социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер), бидејќи тој е блокиран во Кина од 2009 година, по немирите во Урумчи (главниот град на регионот Синџијанг). Тоа значи дека не може да се пристапи до него без користење на VPN (виртуелна приватна мрежа), која ja заобиколува интернет-цензурата што ја спроведува кинеската држава. Kомуникацијата на кинескиот претседател со јавноста оди преку државни канали и медиуми, кои ги пренесуваат неговите пораки и активности
Анализираме објава на Фејсбук која вели:
Претседателот на Кина твитна ова утро
“Светот може да продолжи понатаму без Соединетите Американски Држави.
Пред 100 години, Британската Империја доминираше во глобалната трговија, командувајќи со повеќе од 20% од светското богатство. Многумина веруваа дека нејзиното сонце никогаш нема да зајде.
Пред 200 години, Франција ја освои европската сцена, нејзините армии се плашеа, нејзината култура беше завидувана. Наполеон се прогласи за бесмртен.
Пред 400 години, шпанската круна владееше од Манила до Мексико, нејзините флоти со богатство стенкаа од сребро и свила. Кралевите мислеа дека нивната слава ќе трае вечно.
Секоја империја се прогласи за неопходна. Секоја на крајот беше засенета.
Моќта опаѓа, влијанието мигрира, а легитимитетот умира во моментот кога ќе се украде, а не заработи. Доколку Америка го изгуби почитувањето од светот, ќе го открие она што секоја падната империја го научи предоцна!
Светот продолжува понатаму. Секогаш.”
Оваа наводна изјава на кинескиот претседател Си Џинпинг, ја преведовме на англиски и ја побравме на Гугл, со цел да видиме каде е објавена, односно каде и во која прилика тој изјавил вакво нешто. Изјавата не успеавме да ја најдеме во ниту еден релевантен светски медиум. Ако Џинпинг навистина дал ваква политичка изјава, тогаш таа сигурно ќе била пренесена во некој од светските медиуми.
Тоа веднаш отвора сомнеж за нејзината релевантност. Она што успеавме да го најдеме е дека изјавата се појавува на извесен профил на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер), наречен President Xi Jinping – Commentary. Во описот на овој профил, пишува:
Претседател на Народна Република Кина | Генерален секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина | Официјален коментар.
Но, според објавите на профилот, може да се види дека тој не е официјален профил на кинескиот претседател, односно не содржи негови официјални изјави, настапи и посети. Единствено што содржи е некои патриотски и емотивни изјави кои наводно му се препишуваат нему.
Кинескиот претседател не користи социјални мрежи, а уште помалку го користи Икс (Твитер) бидејќи тој е блокиран во Кина од 2009 година, по немирите во Урумчи (главниот град на регионот Синџијанг). Тоа значи дека не може да се пристапи до него без користење на VPN (виртуелна приватна мрежа), која ja заобиколува интернет-цензурата што ја спроведува кинеската држава.
Kомуникацијата на кинескиот претседател со јавноста оди преку државни канали и медиуми, кои ги пренесуваат неговите пораки и активности.
Еве ги главните државни канали преку кои се обраќа Си Џинпинг:
Државни телевизии и медиуми:
- CCTV (China Central Television)
- Најголем државен ТВ канал, ги пренесува говорите, средбите и официјалните настани со Си Џинпинг.
- Има и меѓународна верзија – CGTN (China Global Television Network).
- Xinhua News Agency (Државна медиумска агенција Синхуа)
- Главна државна новинска агенција. Објавува официјални соопштенија, изјави и коментари од името на кинеската влада и претседателот.
- Има и англиска верзија: www.xinhuanet.com
- People’s Daily (Renmin Ribao / 人民日报)
- Официјален весник на Комунистичката партија на Кина.
- Често објавува текстови и говори на Си Џинпинг.
Во ниту еден од овие медиуми не успеавме да ја најдеме наводната изјава на кинескиот претседател што ја пренесува објавата која ја анализираме.
Во Кина се користат кинески социјални мрежи кои се под државна контрола. Такви мрежи се:
Weibo (微博)
- Кинеска верзија на Твитер. Иако Си Џинпинг лично нема профил, државни медиуми како People’s Daily, CCTV и Xinhua имаат активни профили кои објавуваат содржини поврзани со него. (наводната изјава на Џинпинг содржана во објавата што ја анализираме, не ја најдовме ниту на овие профили)
- Постовите често содржат слики, цитати и видео-снимки од неговите активности.
WeChat (微信)
- Иако е повеќе приватна апликација за комуникација, официјалните медиуми имаат т.н. „Official Accounts” (јавно достапни профили) каде објавуваат вести и анализи, вклучително и содржини за Си Џинпинг.
Официјални кинески владини веб-страници се:
Gov.cn – Официјален портал на кинеската влада (www.gov.cn)
81.cn – Воен информативен портал на PLA (Народноослободителната армија)
China Daily – Весник во кој државата има половина уддел, наменет за странска публика (на англиски)
Наводната изјава не успеавме да ја најдеме ниту на овие веб страници.
И покрај тоа што Икс е блокирана во Кина, тоа не ги спречува кинеската влада и дипломати да ја користат како платформа за дигитална дипломатија.
Министерството за надворешни работи (MFA China) има официјален профил на Икс @MFA_China. Наводната изјава на Џинпинг ја нема ни тука.
Од сето погоре, можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме, е невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар