Киппер не доделува 900 велосипеди ако напишете „благодарам“ во коментар
Станува збор за лажна Фејсбук страницата која го злоупотребува името на Киппер маркет и на неа нема други достапни содржини освен лажната наградна игра. На официјалната страница на Киппер маркет која има над 157 илјади следачи не постои ваква наградна игра, компанијата ги извести потрошувачите дека се работи за измама
Станува збор за лажна Фејсбук страницата која го злоупотребува името на Киппер маркет и на неа нема други достапни содржини освен лажната наградна игра. На официјалната страница на Киппер маркет која има над 157 илјади следачи не постои ваква наградна игра, компанијата ги извести потрошувачите дека се работи за измама
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук за лажна наградна игра, во која е злоупотребен брендот на Киппер маркет.
Во објавата стои:
Со задоволство објавуваме дека ги подаруваме 900-те велосипеди кои не се продадени минатата година поради мали гребнатинки и оштетувања. Сите велосипеди се сè уште добри. Така, ќе им делиме по случаен избор на сите што ќе кажат „благодарам“ пред 7 април.
Станува збор за измама.
Откако потенцијалните учесници во лажната наградна игра ќе напишат „благодарам“ во коментар, од страницата им доаѓа одговор во кој се бара да се регистрираат.
Само уште еден чекор. Притиснете го копчето за регистрација кое се наоѓа на врвот на нашата страница за да ја потврдите вашата регистрација. Со среќа.
Со регистрацијата се бараат податоци од корисниците на социјалните мрежи. Всушност, се работи за измама. На дополнителниот линк за регистрација, се отвора формулар на којшто откако ќе ги оставите вашите лични податоци не знаете каде ќе завршат и за какви цели ќе бидат употребени.
Објавата, до моментот на нашата рецензија има 2.100 лајкови , 1.500 споделувања и 8.8 илјади коменатари.
На страницата е злоупотребено името и логото на брендот Киппер маркет. Фејсбук страницата која ја објавува лажната наградна игра има собрано над 9.000 следбеници, а нема никакви информации за компанијата – ниту телефон, мејл адреса и седиште, ниту име на фирмата и веб-страница.
Кога ќе се погледне транспарентноста на страницата ќе се види дека е создадена на 28 септември 2022 година, а до денес неколкупати го менувала името.
На Фејсбук фан – страницата која го злоупотребува името на Киппер маркет нема други достапни содржини освен лажната наградна игра.
Додека на официјалната страница на Киппер маркет, која има над 157 илјади следачи и на која ги има сите податоци за компанијата, не постои ваква наградна игра. Компанијата Киппер на својата официјална Фејсбук страница ги извести потрошувачите дека се работи за измама:
Известување!!
Почитувани потрошувачи,По социјалните мрежи кружат лажни подароци / наградни игри во име на Киппер Маркет . Ве информираме и потсетуваме дека официјални страници на социјалните мрежи на Киппер Маркет се само:Facebook: https://www.facebook.com/KipperMarketInstagram: https://www.instagram.com/kippermarketДоколку на интернет ви биде побарана било каква лична информација или податоци за платежна картичка , ве советуваме да не ги праќате вашите податоци и случајот веднаш да го пријавите во секторот за компјутерски криминал при МВРСо почит, Киппер Маркет!
Имајќи предвид дека самата ФБ страница e новокреирана, нема други содржини освен лажната наградна игра, како и фактот што компанијата Киппер на својата официјална Фејсбук страница предупредува дека истата е лажна, постот го оценуваме како невистинит и измамнички.
Преку лажни Фејсбук страници во кои главно има само по еден пост, често се злоупотребуваат брендови на македонски и странски компании и преку лажно претставување во нивно име се мамат корисниците на социјалните мрежи дека се делат награди.
Целта на анонимните креатори на лажни наградни игри е да се соберат личните податоци на граѓаните. Во некои наградни игри се бараат и платежни картички.
Корисниците на социјалните мрежи мора да бидат внимателни, секогаш да ги проверуваат страниците пред да остават лични податоци.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар