Кирил Миноски


Warning: Use of undefined constant izjavi - assumed 'izjavi' (this will throw an Error in a future version of PHP) in /home/portalb/webapps/vistinomer3/wp-content/themes/publisher-child/functions.php on line 665

 

Кирил Миноски е актуелен министер за финансии. Работел и на проекти на програмата на САД за помош – УСАИД.

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Роден е на 20 октомври 1971 година во Скопје.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

2005 година – Магистер по економски науки – Европски студии – Економски факултет Скопје, University Antwerp – Белгија, Staffordshire University – Велика Британија, University Bari – Италија;

Во моментот е докторант на економски науки – Економски факултет Скопје.

 

КАРИЕРА

ноември 2015 – јуни 2016 – директор на Управата за јавни приходи на Република Македонија;

мај 2014 – ноември 2015 – директор на Државниот пазарен инспекторат – Министерство за економија;

ноември 2013 – мај 2014 – директор на проектна единица, Проект за реконструкција и обнова на јавни здравствени установи во Република Македонија / Развојна банка на Советот на Европа / Министерство за здравство на Република Македонија; Booz Allen Hamiton-консултантска компанија

2010-2013 – менаџер на компонента за извоз – Проект за унапредување на инвестирањето и извозот на УСАИД;

2006-2010 – менаџер на компонента за реформа на пазарот на трудот и пензиски реформи – Проект на УСАИД за унапредување на деловното опкружување;

2002-2006 – менаџер за финансии и човечки ресурси – Проект за конкурентност / УСАИД;

2000-2002 – заменик директор/директор – Македонски банкарски проект / УСАИД.

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

На функцијата министер за финансии стапува во средината на јуни 2016 година, наследувајќи го Зоран Ставрески, кој даде оставка.

 

ИЗВОРИ

Влада на Република Македонија – Кирил Миноски

(15.06.2016) Сител – Кирил Миноски, нов министер за финансии

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на текстот е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција