Кисела Вода доби нов спортско-рекреативен центар во населбата 11 Октомври

Фото: Општина Кисела Вода

Орце Ѓорѓиевски во предизборната програма меѓу стратешките приоритети го наведе и развојот на Кисела Вода како општина на спортот. Со реализацијата на новиот спортско-рекреативен центар во населбата 11 Октомври – Бараки исполнето е едно од неговите ветувањата од предизборната програма.

Орце Ѓорѓиевски во предизборната програма меѓу стратешките приоритети го наведе и развојот на Кисела Вода како општина на спортот. Со реализацијата на новиот спортско-рекреативен центар во населбата 11 Октомври – Бараки исполнето е едно од неговите ветувањата од предизборната програма

 

 

Во предизборната програма за локалните избори што се одржаа на 17 октомври 2021 година, градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски како кандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ со програмската платформа „Гарантираме – Создади нова иднина“, на жителите во населбата 11 Октомври – Бараки им вети пренамена на постоечкото игралиште и изградба на повеќенаменско спортско игралиште.

Во Кисела Вода сѐ уште постојат урбани заедници каде што нема повеќенаменски спортски игралишта за граѓаните коишто сакаат да спортуваат. Населбите Пржино, 11 Октомври (бараки), Драчево, Расадник, Усје и Пинтија во идниот 4-годишен мандат ќе добијат повеќенаменски спортски терени. Постојните повеќенаменски игралишта редовно ќе се одржуваат.

[Извор: Платформа „Гарантираме за Кисела Вода – Создади нова иднина“, стр 23; датум: 17.10.2021]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ѓорѓиевски во саботата (31.05.2025) свечено го отвори новиот спортско-рекреативен центар во населбата 11 Октомври – Бараки, со што го оствари ветувањето од предизборната програма дека жителите ќе добијат нов спортско-рекреативен центар.

Со реализацијата на новиот парк, кој  претставува дел од поширокото парковско зеленило, заедно со уште два претходно изградени парка во околината, оваа населба добива вкупна зелена површина од 20.000 метри квадратни. Новото повеќенаменско игралиште е изградено со финансиска поддршка од компанијата ВЛТ, а во употреба е пуштено и ново одбојкарско игралиште кое се наоѓа во непосредна близина.

Создавањето на вакви центри за спорт и рекреација, кои веќе ги имаме преку 20, е наша визија и заложба што ја реализираме веќе 3.5 години, рече градоначалникот Ѓорѓиевски на настанот.

Новото игралиште е посветено на прерано починатиот Драган Крстев од навивачката група „Комити“, а првиот симболичен настан на теренот беше ревијалниот фудбалски натпревар помеѓу тимовите на „Комити” од Драчево и од Кисела Вода.

Фото: Општина Кисела Вода

Ѓорѓиевски во предизборната програма меѓу стратешките приоритети го наведе и развојот на Кисела Вода како општина на спортот:

Развој на Кисела Вода како центар на културата, здравјето и знаењето, што обезбедува ангажман на разни општествени групи и вклучување на сите социјални категории, општина со развојна перспектива, општина на активни граѓани, економски развиена, инфраструктурно и комунално поврзана внатре и надвор кон сите околни општини, со богати културни, спортски и туристички капацитети, пријатна за живеење, со здрава животна средина, пишува меѓу останатото во Платформа „Гарантираме за Кисела Вода – Создади нова иднина“, стр 7.

Со реализацијата на новиот спортско-рекреативен центар во населбата 11 Октомври – Бараки исполнето е едно од ветувањата на градоначалникот Ѓорѓиевски од предизборната програма.

 

 

Извори:

 

 

Оцени: Стојан Синадинов

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција