Кликбејт објава шири лажна вест дека починал синот на позната македонска пејачка

Вистиномер не успеа да најде вест во ниту еден релевантен медиум дека починал син единец на позната македонска пејачка. Тоа е уште доказ дека објавата што ја анализираме е измамничка и истата има за цел да привлече што е можно повеќе интеракции и кликови.

Вистиномер не успеа да најде вест во ниту еден релевантен медиум дека починал син единец на позната македонска пејачка. Тоа е уште доказ дека објавата што ја анализираме е измамничка и истата има за цел да привлече што е можно повеќе интеракции и кликови

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:

МАКЕДОНИЈА ВО ТАГА- Почина синот единец на познатата пејачка во Македонија – Погледни повеќе во коментар…

За повеќе информации, објавата нуди линк во коментарите кој, кога ќе го стиснете, ќе видите дека нема никаква врска со најавата. Тука нема да најдете никаква вест поврзана со смрт на синот единец на македонска позната пејачка.

Кликнавме неколку пати на линкот и секогаш нè водеше до различни страници како на пример, Али експрес, сомнителна украинска веб страница „Гоу то шоп“, страница со видеа за кои се бара да скенирате код и некои други сомнителни страници.

Во делот на инфо на линкот, пишува дека станува збор за Blogger, американски систем за управување со онлајн содржини основан во 1999 година, кој им овозможува на своите корисници да пишуваат блогови со временски означени записи.

Целта на блоговите на Blogger (и блоговите воопшто) е да им овозможат на корисниците лесно да споделуваат информации, мислења, знаење или искуства преку интернет – без да имаат потреба од техничко знаење за веб дизајн или програмирање. Со други зборови, целта на Blogger блоговите е да обезбедат платформа за објавување и споделување содржина со светот – едноставно, брзо и бесплатно.

Но, блоговите на Blogger и слични платформи (како WordPress, Tumblr итн.) понекогаш се злоупотребуваат од измамници, иако тоа не е нивната оригинална цел.

Некои блогови содржат линкови што инсталираат малициозен софтвер (на пример апликации што крадат податоци од телефонот).

Оттука станува јасно дека објавата што ја анализираме е измамничка и истата има за цел да привлече што е можно повеќе интеракции и кликови.

Станува збор за класична кликбејт содржина, односно објава која нуди сензационалистички наслов за да привлече што е можно повеќе кликови и интеракции, но не нуди вистинска вест.

Кликбејт е вид на онлајн содржина, линк до содржина или фотографија која е дизајнирана да го привлече вашето внимание и да ве натера да кликнете на неа, честопати користејќи претеран, погрешен или сензационален јазик. Целта е да се привлечат кликови, а не да се информира точно, а содржината внатре честопати не го исполнува ветувањето во насловот.

Кликбејт најчесто се користи за зголемување на сообраќајот на веб-страницата или зголемување на сообраќајот на социјалните мрежи (лајкови, споделувања, коментари). Ваквите содржини ги доведуваат во заблуда читателите, ја намалуваат довербата во содржината или издавачот и им даваат приоритет на емоциите и шокот – пред вистината.

Вистиномер не успеа да најде вест во ниту еден релевантен медиум дека починал син единец на позната македонска пејачка. Тоа е уште доказ дека објавата што ја анализираме е измамничка и истата има за цел да привлече што е можно повеќе интеракции и кликови.

Поради сето погоре, објавата ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција