Кликбејт наслов дезинформира дека биле „уапсени познати политичари и функционери“

Во услови каде многу корисници читаат само наслови пред да формираат мислење или да споделат содржина, кликбејтот може да ги засили недоразбирањата и да придонесе за брза циркулација на лажни наративи.

Дополнителна загриженост е улогата на кликбејтот во ширење дезинформации, бидејќи кликбејт насловите често искривуваат или претеруваат во пласирањето на информациите, тие можат да ги доведат читателите во заблуда. Во услови каде многу корисници читаат само наслови пред да формираат мислење или да споделат содржина, кликбејтот може да ги засили недоразбирањата и да придонесе за брза циркулација на лажни наративи

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Цела ПОЛИЦИЈА на нозе во Македонија: Уапсен познат политичари и неколку функционери – повеќе на линко во коментар.

Во склоп на објавата има фотографија на која е испишано „вонредна вест“.

Меѓутоа, во коментарот наспроти изнесеното во најавата нема никаква „вонредна вест“ ниту пак информации за „уапсен познат политичар и функционери“. Не е точно ни дека „цела полиција во Македонија е на нозе“.

Не постоела таква безбедносна криза поради којашто целата полиција била мобилизирана за еден настан во историјата на независна Македонија. Објавата претставува кликбејт содржина.

Кликбејт напис е онлајн содржина создадена главно за да привлече внимание и да натера луѓе да кликнат на неа — најчесто со сензационални, претерани или погрешно претставени наслови. Ваквите наслови се користат затоа што носат повеќе приходи од реклами, повеќе прегледи и поголем ангажман на веб-страници или социјални мрежи. Но, за сметка на ова, граѓаните го губат времето, може да бидат пренасочени на страници со малициозен софтвер или на страници каде што им се бараат лични или банкарски податоци со цел нивна злоупотреба.

Со експлоатирање на љубопитноста, шокот или емоционалните реакции, овие наслови го манипулираат однесувањето на корисниците, ставајќи го профитот пред точноста. На ваков начин читателот е намамен да кликне, но не го добива ветувањето од насловот. Овој образец создава циклус на разочарување и недоверба, бидејќи публиката станува сè поскептична кон содржината што ја гледа онлајн.

Дополнителна загриженост е улогата на кликбејтот во ширење дезинформации. Бидејќи кликбејт насловите често искривуваат или претеруваат во пласирањето на информациите, тие можат да ги доведат читателите во заблуда. Во услови каде многу корисници читаат само наслови пред да формираат мислење или да споделат содржина, кликбејтот може да ги засили недоразбирањата и да придонесе за брза циркулација на лажни наративи.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција