Кликбејт наслов дезинформира за „брутално убиена пејачка во Србија“

Крајната цел е да се зголеми посетеноста, да се оствари поголем приход од реклами, да се добијат повеќе прегледи, лајкови и следбеници. Содржината зад насловот и во конкретниот случај не го исполнува ветеното, што е и главниот проблем со кликбејт насловите.

Крајната цел на објавата е да се зголеми посетеноста, да се оствари поголем приход од реклами, да се добијат повеќе прегледи, лајкови и следбеници. Содржината зад насловот и во конкретниот случај не го исполнува ветеното, што е и главниот проблем со кликбејт насловите

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Тажна Вест : Tажна вест пристигна од соседната Србија Брутално уб*иена Познатата Пејачка – Погледни – погледнете на линкот во коментар
Објавата е од 13 декември 2025 година. На овој датум во медиумските објави од соседна Србија нема извештај за „позната пејачка која била убиена“. Во склоп на објавата се тврди дека во коментарот има линк до подетална информација за „убиството на пејачката“, но линкот кој е оставен во коментарот е кликбејт, односно го води гркорисникот кон сосема неповрзана страница, чија цел не е да информира туку да рекламира производи.
Станува збор за невистинита, кликбејт објава чија главна цел е да ги натера луѓето да кликнат на некој линк, објава или видео. Тоа се постигнува преку сензационалистички и претерани наслови, како во случајов. Но, исто така намерно се користат и нецелосни информации, се поигрува со љубопитноста, емоциите или шокот на граѓаните.
Крајната цел е да се зголеми посетеноста, да се оствари поголем приход од реклами, да се добијат повеќе прегледи, лајкови и следбеници. Содржината зад насловот и во конкретниот случај не го исполнува ветеното, што е и главниот проблем со кликбејт насловите.
Наслов за „брутално убиена позната пејачка во Србија“ е кликбејт со користење на повеќе техники за манипулација, а предничат шокот и стравот. Имено, зборови како „брутално убиена“ веднаш предизвикуваат силна емоционална реакција и луѓето инстинктивно кликаат. Нејасноста е следната карактеристика – често не се кажува која е пејачката, што само ја зголемува љубопитноста.
Зборовите „позната личност“ алудираат на повеќе кликови затоа што пејачката е јавна личност, што значи дека за неа ќе има поголем интерес. Манипулациите со вниманието се прават на начин што некогаш насловот е претеран дури и неточен, а содржината е сосема поинаква. Кликбејт не е за информирање туку за привлекување внимание по секоја цена, дури и по цена на етика, чувствителност и вистина.

Кликбејт насловите може да се препознаат по силните зборови без детали, по недореченоста, емоционалната манипулација, кога насловот и содржината не кореспондираат и кога се користат претерани наслови за најобични вести.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција