Кликбејт наслов дезинформира за наводна голема акција на полицијата

Фото: Принтскрин mvr.gov.mk

Сите шест настани наведени во полицискиот билтен се однесуваат на различни кривичноправни настани што повлекуваат кривични пријави според Кривичниот законик и тие меѓу себе не се поврзани. Сите шест настани се одделни, вклучуваат различни лица, се случуваат во различни градови или различни општини од ист град и поради тоа не е можно да се каже дека се работи за акција, а уште помалку за голема акција. Станува збор за стандардна работа на полицијата и вакви настани во дневниот билтен на МВР се среќаваат секој ден

Сите шест настани наведени во полицискиот билтен се однесуваат на различни кривичноправни настани што повлекуваат кривични пријави според Кривичниот законик и тие меѓу себе не се поврзани. Сите шест настани се одделни, вклучуваат различни лица, се случуваат во различни градови или различни општини од ист град и поради тоа не е можно да се каже дека се работи за акција, а уште помалку за голема акција. Станува збор за стандардна работа на полицијата и вакви настани во дневниот билтен на МВР се среќаваат секој ден

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

ГОЛЕМА АКЦИЈА: Повеќе лица завршија зад решетки.

Во склоп на објавата се споделува текст, кој е илустриран со фотографија од полициско комбе на Министерството за внатрешни работи.

Кога ќе се прочита текстот, првото нешто што е забележливо е дека не постои никаква голема акција како што се тврди во насловот, туку текстот претставува компилација од повеќе дневни настани кои што Министерството за внатрешни работи ги споделува со сите медиуми на дневна основа. Во конкретниот случај станува збор за дневните настани од 20 септември 2024 година, а во текстот, неколку од нив, вкупно шест на број, се споделени со јавноста преку текстот со крајно наведувачки, несоодветен, кликбејт наслов. Сите шест настани од дневниот билтен се однесуваат на рутинската работа на полицијата и никако не се однесуваат на некаква голема акција како што се тврди во насловот. Сите дневни настани од 20 септември споделени во објавата се однесуваат на различни шест настани, меѓусебно неповрзани, кои се дел од стандардните полициски работи на шест различни локации и не се дел од заедничка акција на МВР.

Во првиот настан кој се случил на депонијата во Демир Капија, едно лице е лишено од слобода зашто на депонијата било затекнато како пали душеци.

Во вториот дневен настан од полицискиот билтен, кој се случува во сосема друг град и е поврзан со сосема поинаква содржина, во Прилеп полициски службеници со претрес во дом по судска наредба пронашле марихуана, бела прашкаста материја и таблети. И против ова лице ќе биде поднесена пријава.

Во третиот настан кој е евидентиран во трет град, поточно во Штип, полициски службеници лишиле од слобода двајца граѓани зашто кај нив била пронајдена бела прашкаста материја. И за нив ќе следува поднесок по расчистување на настанот.

Во четвртиот настан кој е од Скопје, во општина Аеродром, полицајци лишиле од слобода малолетник кај кого пронашле марихуана.

Во петтиот настан кој исто така се случил во општина Аеродром во Скопје, полициски службеници лишиле од слобода уште еден малолетник од скопско, зашто кај него била пронајдена и одземена марихуана. Во билтенот четвртиот и петтиот настан се одделени, што значи дека иако се однесуваат на наоѓање марихуана кај малолетници, во Аеродром, се работи за два различни, одделни, неповрзани случаи.

Шестиот настан наведен во текстот а е од билтенот на МВР за 20 септември, во Радишани, скопско, полицајци лишиле од слобода 19 годишник зашто кај него пронашле марихуана.

Значи сите шест настани наведени во полицискиот билтен се однесуваат на различни кривичноправни настани што повлекуваат кривични пријави според Кривичниот законик и меѓу себе не се поврзани. Сите шест настани се одделни, вклучуваат различни лица, се случуваат во различни градови или различни општини од ист град и поради тоа не е можно да се каже дека се работи за акција, а уште помалку за голема акција. Станува збор за стандардна работа на полицијата и вакви настани во дневниот билтен на МВР се среќаваат секој ден.

Големите акции на МВР се координирани и се однесуваат на организиран криминал и во најмала рака се поврзани со заедничко и координирано постапување на полицијата насочено кон заедничка група или поврзани субјекти кои извршуваат заедничко кривично дело. Во конкретниот случај, не станува збор за голема акција, туку за кликбејт наслов.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како објава во која се пропушта контекстот.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција