Кликбејт наслов дезинформира за „страшна вест“
На линкот нема информација, како што се тврди во најавата, за „нова драма“ ниту за „страшна вест што ги вознемири граѓаните“. Се работи за кликбејт објава чија цел е да измами кликнување на содржината за да се зголеми сообраќајот на страницата, без притоа да се понуди она коешто се ветува во насловот
На линкот нема информација, како што се тврди во најавата, за „нова драма“ ниту за „страшна вест што ги вознемири граѓаните“. Се работи за кликбејт објава чија цел е да измами кликнување на содржината за да се зголеми сообраќајот на страницата, без притоа да се понуди она коешто се ветува во насловот
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
НОВА ДРАМА ВО МАКЕДОНИЈА! Страшната вест ги вознемири граѓаните – ПОВЕЌЕ НА ЛИНКОТ ВО КОМЕНТАР
Во склоп на објавата има фотографија од полициско возило со вклучени ротациони светла, ноќно време.
Но, кога ќе се пристапи на линкот споделен со објавата тој воопшто не води до најавената содржина. На линкот нема информација, за како што се тврди во најавата, „нова драма“ ниту за „страшна вест што ги вознемири граѓаните“. Се работи за кликбејт објава чија цел е да измами кликнување на содржината за да се зголеми сообраќајот на страницата, без притоа да се понуди она кое што се ветува во насловот.
Самата фотографија која е искористена е веќе објавувана во медиумите уште во 2018 година и „Вистиномер“ ја пронајде овде.
И во 2019 година истата фотографија е употребена како архивска, кога се известува за сообраќајна несреќа која се случила тогаш.
Кликбејт насловите се создадени за брзо да го привлечат вниманието. Повеќе кликови значат повеќе прегледи и повеќе приходи (особено за сајтови што заработуваат од реклами) но за сметка на вистинитоста. Така во конкретниот случај, воопшто нема никаква „нова драма“ ниту сообраќајна незгода и страшна вест што ги вознемирила граѓаните.
Кликбејт насловите не се етички. Обично содржат фрази „Нема да верувате што се случи!“ „Ова ќе ви го промени животот…“ „Погледнете што се случи!“. Со нив се игра на картата на љубопитноста на корисниците, но содржината не е толку спектакуларна како што насловот ветува. Во конкретниот случај, воопшто нема содржина каква што се опишува во насловот.
Главните карактеристики на кликбејтот се тоа што предизвикува љубопитност кај читателите и ги тера да кликнат на некој линк за да дознаат повеќе. Во насловите се претерува и се користи сензационализам, насловот звучи драматично или шокантно, има емоционален ефект, се предизвикува силна емоција, изненадување, страв, возбуда и недовршени информации, односно насловот остава прашања што и зошто се случило.
Негативните ефекти се намалување на довербата во медиумот или креаторот, разочарување кај публиката кога содржината не одговара на очекувањата.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар