Кликбејт наслов промовира лажна вест дека починала Лепа Брена

Ниту еден медиум од Балканот нема објавено за наводната и непостоечка „смрт на Брена од болест“, бидејќи тоа е дезинформација, што се потврдува и од самото појавување на пејачката во медиумите здрава и жива, како ги прославува празниците. Кога би било точно наведеното во објавата што ја рецензираме, тогаш тоа би било објавено и проверено од бројни медиуми, што во случајов не е така

Ниту еден медиум од Балканот нема објавено за наводната и непостоечка „смрт на Брена од болест“, бидејќи тоа е дезинформација, што се потврдува и од самото појавување на пејачката во медиумите здрава и жива, како ги прославува празниците. Кога би било точно наведеното во објавата што ја рецензираме, тогаш тоа би било објавено и проверено од бројни медиуми, што во случајов не е така

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува напис и фотографија од пејачката Лепа Брена и пишува:

Тажна вест, почина познатата пејачка Лепа Брена-погледнете од која болест почина.

Кога ќе се пристапи до линкот оставен во склоп на објавата станува јасно дека тој е создаден како „кликбејт“, позната тактика за намамување на корисниците на социјалните мрежи да кликнат на линк, а од тоа да има бенефит креаторот на лажната содржина со зголемен сообраќај на неговата страница. Кога ќе се кликне на линкот, тој воопшто не води до содржина како таа во насловот, туку води до страница каде се промовираат содржини за возрасна публика, а некогаш линкот води и до страници за трговија.

По објавувањето на морбидната невистина, пејачката се појавуваше во српските медиуми, односно во нив беше известувано на каков начин таа се подготвувала и го прославувала Велигден. Ниту еден медиум од Балканот нема објавено за наводната и непостоечка „смрт на Брена од болест“, бидејќи тоа е дезинформација, што се потврдува и од самото појавување на пејачката во медиумите здрава и жива, како ги прославува празниците. Кога би било точно наведеното во објавата што ја рецензираме, тогаш тоа би било објавено и проверено од бројни медиуми, што во случајов не е така.

Кликбејт наслов, инаку, е сензационалистички наслов којшто ве охрабрува да кликнете на линк до статија, фотографија или видео. Кога сајтовите користат кликбејт, тие типично се насочени да добијат кликови, а не се заинтересирани за квалитетот на споделената содржина. Ова значи дека не се загрижени дали на читателот ќе му го потрошат времето со вакви содржини. Наместо во таа статија да се презентирани објективни факти, насловите на кликбејт содржините честопати се насочени кон вашите емоции и љубопитност. Ваквите содржини се од сомнителен квалитет и со сомнителна точност. Некои сајтови на интернет ги користат кликбејт насловите за да привлечат што е можно поголем број на кликови на нивниот сајт, зголемувајќи го на ваков начин својот профит од реклами.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција