Кликбејт објава дезинформира дека починала бремената Симона во Македонија

Линкот од објавата што ја рецензираме е споделен на 15 април 2026 година. Вистиномер со проверка на написите во традиционалните реномирани медиумски куќи во земјава, утврди дека ниеден нема објавено за „трагедија во Македонија и тридневна жалост поради прерана смрт на младата бремена Симона“.

Линкот од објавата што ја рецензираме е споделен на 15 април 2026 година. Вистиномер со проверка на написите во традиционалните реномирани медиумски куќи во земјава, утврди дека ниеден нема објавено за „трагедија во Македонија и тридневна жалост поради прерана смрт на младата бремена Симона“

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Трагедија во Македонија: Причината за тридневна жалост во овој град е поради прераната смрт на младата Симона која била бремена, повеќе на линкот во коментар.

Кога ќе се пристапи на линкот во коментар, кој наликува на линк што води кон медиумски напис, всушност, се доаѓа до сознанието дека насловот воопшто не соодветствува со содржината на линкот. Секогаш кога ќе се пристапи на линкот се отвора различна страница, најчесто страница за продажба на мало и големо на кинеска стока. Скандалозниот емотивен наслов претставува само „мамка“ која што треба да им го зграпчи вниманието и да го разбуди љубопитството на корисниците на социјалните мрежи за да пристапат на содржината.

Објавата има над 90 реакции и над 60 споделувања. Употребата на име во насловот (во конкретниот случај Симона), создава илузија која е лажна – за тоа дека оној што го споделува текстот има информации за име на жртва, со што се создава призор дека наводната трагедија е вистинска. Но таа е измислена.

Линкот од објавата што ја рецензираме е споделен на 15 април 2026 година. Вистиномер со проверка на написите во традиционалните реномирани медиумски куќи во земјава, утврди дека ниеден нема објавено за „трагедија во Македонија и тридневна жалост поради прерана смрт на младата бремена Симона“.

Кликбејт насловите, како овој со зборот „трагедија“, често се користат за да привлечат што е можно поголемо внимание од читателите. Со употреба на силни и емоционално набиени зборови се прави обид да се предизвика шок, тага или љубопитност кај публиката. Во овој случај, нагласувањето дека наводно се работело за прерана смрт на млада и бремена девојка дополнително се засилува емоционалната реакција и се зголемува веројатноста луѓето да кликнат на содржината.

Другата причина за користење вакви наслови е зголемување на посетеноста и интеракцијата. Колку повеќе луѓе кликнуваат на линкот, толку повеќе прегледи и потенцијален приход се генерира, особено ако станува збор за веб-страници што заработуваат од реклами. Вклучувањето на фрази како „повеќе на линкот во коментар“ е стратегија со која се поттикнува дополнителна активност, како коментирање или споделување, што ја шири содржината уште повеќе.

Сепак ваквиот пристап базиран на невистини, всушност доведува до сензационализам и до искористување на невистини за наводни трагични настани за финансиска корист. Кликбејт насловите привлекуваат внимание но претставува неодговорна техника која ја нарушува довербата во медиумите.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција