Кликбејт објава дезинформира дека загинала позната пејачка

„Вистиномер“ ја пронајде фотографијата која е искористена за невистинито кликбејт дезинформирање, со алатката за обратно пребарување фотографии. Конкретната фотографија е објавена на 6 септември 2022 година на сајтот на британскиот портал Тотнес тајмс.

Во конкретниот случај „Вистиномер“ ја пронајде фотографијата која е искористена за невистинито кликбејт дезинформирање, со алатката за обратно пребарување фотографии. Конкретната фотографија е објавена на 6 септември 2022 година на сајтот на британскиот портал Тотнес тајмс

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:

Трагичен ден за Србија!!! загина познатата пејачка Dragana во собраќајна несреќа (Видео) – ПОВЕЌЕ НА ЛИНКОТ ВО КОМЕНТАР .

Во склоп на објавата се споделува фотографија од сообраќајка на автопат со исклучително оштетен автомобил. Во коментарот на објавата има линк кој не води кон веродостоен сајт, ниту кон веродостојна информативна содржина (вест), туку е кликбејт кој води на надворешна страница нешто налик на Али експрес.

Кога „Вистиномер“ повторно го провери линкот, бевме пренасочени на други сомнителни страници.

Тоа само потврдува дека секој нов клик на линкот до наводната „вест“ и најава за „тешката сообраќајна несреќа во која животот го загубилa познатaта пејачка Драгана“, истата наместо кон најавената содржина, води кон нови линкови кои се менуваат што претставува кликбејт содржина.

Кликбејт е вид на онлајн содржина, линк до содржина или фотографија која е дизајнирана да го привлече вашето внимание и да ве натера да кликнете на неа, честопати користејќи претеран, погрешен или сензационален јазик. Целта е да се привлечат кликови, а не да се информира точно, а содржината внатре честопати не го исполнува ветувањето во насловот.

Кликбејт најчесто се користи за зголемување на сообраќајот на веб-страницата или зголемување на сообраќајот на социјалните мрежи (лајкови, споделувања, коментари). Ваквите содржини ги доведуваат во заблуда читателите, ја намалуваат довербата во содржината или издавачот и им даваат приоритет на емоциите и шокот – пред вистината.

Во конкретниот случај „Вистиномер“ ја пронајде фотографијата која е искористена за невистинито кликбејт дезинформирање, со алатката за обратно пребарување фотографии. Конкретната фотографија е објавена на 6 септември 2022 година на сајтот на британскиот портал Тотнес тајмс.

Статијата се однесува на сообраќајка што ја предизвикал возач под дејство на алкохол на автопатот Девон. Неговиот адвокат пред судот изјавил дека Ендру Биверс не сакал да вози ноќе и користел апликација за насоки, но на крајот излегол на погрешен излез од кружен тек и возел во спротивната насока на автопатот А38 Девон во 00:25 часот наутро на 3 декември 2021 година. Тој удрил пет автомобили, а како што соопштила полицијата во тоа време, седум лица биле повредени.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистина.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција