Кликбејт објава дезинформира за страшна сообраќајка во С. Македонија

„Вистиномер“ ја пронајде фотографијата која е искористена за невистинито кликбејт дезинформирање, со алатката за обратно пребарување фотографии. Конкретната фотографија е објавена на 28 март 2024 година во српскиот портал „Блиц“

„Вистиномер“ ја пронајде фотографијата која е искористена за невистинито кликбејт дезинформирање, со алатката за обратно пребарување фотографии. Конкретната фотографија е објавена на 28 март 2024 година во српскиот портал „Блиц“

 

Анализираме објава насоцијалната мрежа Фејсбук која вели:

СТРАШНА сообраќајна несреќа во МАКЕДОНИЈА: Голем број повредени, граѓаните бесни – повеќе на линкот во коментар.

Во склоп на објавата се споделува фотографија од сообраќајка на автопат на која се гледаат оштетен автомобил и противпожарни возила. Во коментарот на објавата има линк кој не води кон веродостоен сајт, ниту кон веродостојна информативна содржина (вест), туку е кликбејт кој води на надворешна страница за дигитални солуции.

Кога „Вистиномер“ повторно го провери линкот, бевме пренасочени на други сомнителни страници.

Тоа само потврдува дека секој нов клик на линкот до наводната „вест“ и најава за „страшна сообраќајна несреќа во која имало голем број повредени“, истата наместо кон најавената содржина, води кон нови линкови кои се менуваат што претставува кликбејт содржина.

Кликбејт е вид на онлајн содржина, линк до содржина или фотографија која е дизајнирана да го привлече вашето внимание и да ве натера да кликнете на неа, честопати користејќи претеран, погрешен или сензационален јазик. Целта е да се привлечат кликови, а не да се информира точно, а содржината внатре честопати не го исполнува ветувањето во насловот.

Кликбејт најчесто се користи за зголемување на сообраќајот на веб-страницата или зголемување на сообраќајот на социјалните мрежи (лајкови, споделувања, коментари). Ваквите содржини ги доведуваат во заблуда читателите, ја намалуваат довербата во содржината или издавачот и им даваат приоритет на емоциите и шокот – пред вистината.

Во конкретниот случај „Вистиномер“ ја пронајде фотографијата која е искористена за невистинито кликбејт дезинформирање, со алатката за обратно пребарување фотографии. Конкретната фотографија е објавена на 28 март 2024 година во српскиот портал „Блиц“.

Статијата известува за сообраќајна несреќа што се случила во близина на Беочин, а во која биле повредени четири лица, од кои две деца.

Два автомобила директно се судриле, а на местото на настанот биле испратени полициски и амбулантни екипи.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистина.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција