Кликбејт објава за голема трагедија во С. Македонија
Иако објавата најавува вест за голема трагедија во Македонија – почината млада трудница, таа не нуди никаква информација, туку се работи за класична кликбејт објава која води до сосема други страници. Инаку, вест за прерано почината трудница Симона, може да се најде во македонските медиуми од 29 декември 2025 година.
Иако објавата најавува вест за голема трагедија во Македонија – почината млада трудница, таа не нуди никаква информација, туку се работи за класична кликбејт објава која води до сосема други страници. Инаку, вест за прерано почината трудница Симона, може да се најде во македонските медиуми од 29 декември 2025 година. Тогаш Советот на Општина Македонска Каменица на седница донесе одлука за прогласување на тридневна жалост поради смртта на младата сограѓанка Симона Каранфиловска
Анализираме објава на Фејсбук која вели:
ТРАГРЕДИЈА во МАКЕДОНИЈА: Причината за тридневна жалост во овој град е поради прераната смрт на младата Симона која била бремена – повеќе на линкот во коментар.
Објавата за повеќе информации нуди линк во коментар и тоа од српскиот портал Блиц.рс, но овој линк не води до најавената вест.
Имено, кога ќе кликнете на него, наместо информација во врска со „шокантната вест“, линкот ве води на надворешна страница Стрипчет.

Кога вторпат кликнавме на линкот, тој повторно не одведе на друга страница, наместо до најавената вест за прераната смрт на младата трудница Симона.
Вистиномер и трет пат кликна на понудениот линк, но и овојпат не однесе на веб-страница за возрасни.
Од ова станува јасно дека иако објавата најавува вест за голема трагедија во Македонија – почината млада трудница, таа не нуди никаква информација туку се работи за класична кликбејт објава која води до сосема други страници.
Како што пишувавме повеќепати досега, кликбејт објава е вид на содржина што е намерно дизајнирана да привлече што е можно повеќе кликови, прегледи или интеракции, најчесто преку сензационален, претеран или двосмислен наслов кој не ја открива целосната суштина на информацијата. Главна карактеристика на кликбејтот е користењето емоционално набиен јазик што предизвикува љубопитност, шок, страв или возбуда, како и намерно изоставување клучни информации со цел корисникот да биде „принуден“ да кликне за да дознае повеќе. Целта на кликбејт објавите е манипулација со емоции преку користење привлечни слики или видеа што не секогаш се директно поврзани со содржината.
Иако ваквите објави можат привремено да го зголемат досегот и ангажманот, нивното влијание врз корисниците на социјалните мрежи често е негативно, бидејќи создаваат чувство на разочараност, ја намалуваат довербата во медиумите и придонесуваат за површно информирање.
Инаку вест за прерано почината трудница Симона, може да се најде во македонските медиуми од 29 декември 2025 година.
Тогаш Советот на Општина Македонска Каменица на седница донесе одлука за прогласување на тридневна жалост поради смртта на младата сограѓанка Симона Каранфиловска.
Одлуката за прогласување тридневна жалост се темели на фактот дека Македонска Каменица, како мал град и релативно мала општина, е потресена од смртта на Симона Каранфиловска, која била бремена, а починала вчера на 31-годишна возраст. Починувањето на бремена жена значи згаснати два живота во општина со малубројно население, објави Нетпрес.
Поради сите горенаваденеи факти, објавата ја оценуваме како невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар