Кликбејт објава за починатиот брат на познат српски фудбалер лови лајкови и коментари

На линкот споделен во објавата наместо „шокантна вест“, се отвораат надворешни страници, меѓу кои и оние за возрасни.

На линкот споделен во објавата наместо „шокантна вест“, се отвораат надворешни страници, меѓу кои и оние за возрасни. Инаку, на српскиот портал Блиц може да се најде вест за починатиот брат на поранешниот српски фудбалер со успешна интернационална кариера Немања Видиќ. Но, оваа објава не води до вест со таква содржина

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:

Јавноста во регионот во ШОК Утрово: Пронајден МРТОВ братот на Немања, лошата вест се прошири – повеќе на линкот во коментар.

Објавата за повеќе информации нуди линк во коментар, и тоа од српскиот портал Блиц.рс, но овој линк не води до најавената вест.

Имено, кога ќе кликнете на него, наместо информација во врска со „шокантната вест“, линкот ве води на надворешна страница Али Експрес.

Кога втор пат кликнавме на линкот, тој повторно не одведе на друга страница, наместо до најавената вест за пронајдениот „мртов брат на Немања“.

Вистиномер и трет пат кликна на понудениот линк но и овојпат не однесе на веб страница за возрасни.

Од ова станува јасно дека објавата не нуди никаква информација, иако најавува „шокантна вест“, туку станува збор за кликбејт објава.

На српскиот портал Блиц може да се најде вест за починат брат на Немања. Станува збор за Душан Видиќ, братот на поранешниот српски фудбалер со успешна интернационална кариера Немања Видиќ. Како што јавува Блиц, Душан бил постар брат на Немања, а за неговиот живот многу малку се знаело. Тој исто така се занимавал со фудбал, но рано се откажал од спортската кариера.

Како што пишувавме повеќепати досега, кликбејт објава е вид на содржина што е намерно дизајнирана да привлече што е можно повеќе кликови, прегледи или интеракции, најчесто преку сензационален, претеран или двосмислен наслов кој не ја открива целосната суштина на информацијата. Главна карактеристика на кликбејтот е користењето емоционално набиен јазик што предизвикува љубопитност, шок, страв или возбуда, како и намерно изоставување клучни информации со цел корисникот да биде „принуден“ да кликне за да дознае повеќе. Целта на кликбејт објавите е манипулација со емоции преку користење привлечни слики или видеа што не секогаш се директно поврзани со содржината.

Иако ваквите објави можат привремено да го зголемат досегот и ангажманот, нивното влијание врз корисниците на социјалните мрежи често е негативно, бидејќи создаваат чувство на разочараност, ја намалуваат довербата во медиумите и придонесуваат за површно информирање.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме е невистинита.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција