Клисурата кај Ново село е осветлена

Пешачка патека кај клисурата во Ново село. Фото: Општина Штип

 

Проект: Осветлување на клисурата во Ново Село.

Осветлување на пешачката патека на излезот од Штип кај клисурата во Ново Село. (Средства: 3.000.000,00 денари. Извори на финансирање: Буџет на Општината. Рок: 2013- 2017 година

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проектот за осветлување на клисурата во Ново Село е исполнето ветување на градоначалникот на Штип, Илчо Захариев. Ветувањето е дел од предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори 2013-2017 година, насловена како „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Општина Штип!“ (стр. 39).

Ветувањето за осветлување на клисурата во Ново Село, Захариев го дал и пред жителите на оваа заедница, на 20.09.2013 година.

Пред нас претстои многу работа за санирање на многубројните болни точки во потесното, но и приградското подрачје – изјави пред присутните на собирот во Ново село, градоначалникот Захариев. Тој вети заштита и конзервација на одредени стари градби во Ново село, подобро улично осветлување и изградба на спортски терен во близина на црквата „Свети спас“. Ќе се изврши осветлување на клисурата кон излезот на градот и средување на дворното место во бањата Кежовица, беше објавено на неговата официјална Фејсбук страница.

На 28.10 2014 година, како што објави државната aгенција МИА, Општина Штип за првпат направила развојна програма за комунални дејности. Како што информира раководителот на Одделението за комунални дејности при општината, Соња Китанова, оваа програма вклучува неколку проекти.

Општината во наредните три години ќе го замени уличното осветлување со штедливите лет диоди, но и комплетно ќе ја осветли клисурата во штипско Ново село за што е предвидено општината да инвестира околу 4 милиони денари.

На 04.06.2014 година, порталот Порта 3 објави дека Општина Штип ги поставила канделабрите на новата пешачка патека која се гради околу градскиот Исар.

До крајот на денот се очекува инсталацијата да биде завршена, а со самото тоа од вечер да биде осветлена и пешачката патека.

Проектот за осветлување на клисурата во Ново Село, го нема како реализиран проект во Отчетот на градоначалникот Захариев за сработеното во последните четири години. Поради тоа,  „Вистиномер“ се обрати до Општината за да провериме до каде е реализацијата на овој проект. Оттаму ни посочија дека проектот е комплетно завршен проект, иако не се споменува во Отчетот.

Тука не станува збор само за осветлување, бидејќи овој исклучиво каменит дел се копаше, се асфалтираше, се спроведе електрична инсталација и на крај се поставија канделабри – информира Драган Ристов од Општина Штип, задолжен за односи со јавност.

Тој ни испрати и фотографии од уредената пешачка патека кај клисурата во Ново Село.

Имајќи го предвид сето ова, може да се заклучи дека ветувањето на Захариев за осветлување на клисурата во Ново Село е исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Ана Анастасовска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција