Кочо Анѓушев
Министер без ресор во Владата на РМ, предводена од Зоран Заев, избрана на 31 мај 2017 година.
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Роден е во Велес на 20.06.1969 година, има семејство, се занимава со наука и бизнис и за прв пат започнува активна политичка професионална кариера
КАРИЕРА
-Во 1993 година станува стручен соработник на Машински Факултет при УКИМ во Скопје, една година по дипломирањето на истиот факултет
-Асистент на Машински Факултет при УКИМ во Скопје од 1996-1998 г.
-Избран е во звањето Доцент во 1998 година
-Помошник Генерален директор на Електростопанство на Македонија од 2000-2002 година, одговорен за производство и трговија
– Ја основа компанијата Феро Инвест ДОО во 2003 година и неколку месеци подоцна станува сопственик на 50% од капиталот на компанијата Брако, чија дејност е производство на жичени производи, медицински мебел, помошни медицински направи, телекомуникациска инфраструктура, товарни приколки и транспортни ленти.
-Исто во 2003 година, оснива претставништво во Македонија на Групацијата ЕФТ за трговија со електрична енергија
-Во 2013 година избран е за Претседател на Македонската енергетска заедница, групација при Стопанската комора на Македонија
-Кочо Анѓушев до изборот на функцијата во Владата на Зоран Заев на 31.05.2017 година, е главен извршен директор на Феро Инвест ДОО и EДС (Energy Delivery Solution) ДОО, претседател на бордот на директори на Брако и професор на Машинскиот факултет во Скопје.
ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА
-Министр без ресор, планиран за вицепремиер за економски орашања во Владата на Зоран Заев.
ИЗВОРИ:
Машински Факултет при УКИМ во Скопје – веб страница
ЕДС (Енерџи деливери солушн) – веб страница
БРАКО – веб страница
Стопанска комора на Македонија – веб страница
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар