Кога новинарството навива

Државниот-испит-ќе-биде-на-тест-одѕивот-на-протестите-паѓа-Република-Online-crop-resize-final

[Рецензија: Државниот испит ќе биде на тест, одѕивот на протестите паѓа]

„Напред реформи и еве зошто“. Вака накратко може да се резимира текстот, кој во отсуство на евиденција на извори, се обидува да го убеди читателот во исправноста на реформите во високото образование и да ги дискредитира противниците на владината иницијатива. Новинарството не треба да навива.

Државниот испит ќе биде на тест  одѕивот на протестите паѓа   Република Online Рецензија: Државниот испит ќе биде на тест, одѕивот на протестите паѓа

 Датум и време на објавување: 14.1.2015

Датум на рецензирање: 15.1.2015

Рецензент: Александар Пешев

Функцијата на новинарството не е да ја тера публиката да прифати одреден став, туку да го информира гледачот или читателoт, оставајќи го сам да го формира своето мислење. Евидентно е дека тука немаме таков текст. Недостигаат атрибуции и изјави од релевантни извори, со што авторот се поставува како своевиден експерт, ојаснувајќи го концептот на државен испит на факултетите. Неупатениот читател не може да одреди дали написот се темели на факти, токму поради тоа што со самото неевидентирање на изворите не може да се утврди дали објавата е точна или не.

Сомнежот дека станува збор за едностран навивачки текст се создава во вториот дел на објавата, со забележливите коментатоски елементи:

„Одѕивот на протестот е слаб, а пред Законодавниот дом излегоа претежно блиски до опозицијата или пак лица кои имаат политичка агенда“

Од каде се знае дека учесниците на собирот имале политичка агенда? Како е проценето дека поголем број од присутните се блиски до опозицијата? Токму ваквите елементи во текстот создаваат сомнеж дека пред нас имаме не само коментаторска, туку и навивачка спинувана објава. Секако, станува збор за едностран напис, бидејќи ако навистина репортерски се проценил бројот на присутни на собирот, зошто не биле земени изјави од присутните? Навивачкиот предзнак се поткрепува со дополнителни коментаторски елементи:

„Во изминатиов период, надлежните институциите како плод на конструктивна дебата со Универзитетите прифатија и вградија дваесетина сугестии во законот со кои се подобрува квалитетот на реформата на високото образование“

Избалансираноста дополнително се нарушува со непроверени констатации, како, на пример, дека имало плодна дебата. Авторот не ги зема предвид забелешките што ги изнесоа некои претставници на академската заедница, кои тврдеа дека немало соодветна дебата за законските измени.

Накратко, имаме еднострана, неизбалансирана и непоткрепена објава со навивачки предзвук, чија можна цел е да го убеди читателот во исправноста на владина иницијатива и да ги омаловажи противниците на истата.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција