Колку пати СДСМ повика на предвремени парламентарни избори во 2013 година
Повикот за предвремени парламентарни избори оваа година беше особено засилен од страна на опозициската СДСМ. Но повикот за предвремени избори, не значи дека опозицијата е секогаш спремна и да го прифати кога шансата ќе и биде дадена. Оваа анализа ќе ви го покаже развојот на настаните околу повикот за предвремени парламентарни избори во 2013 година.
1. Во јануари 2013 година, по случувањата од 24 декември, СДСМ излезе со соопштение дека ќе ги бојкотира локалните избори, доколку не се организираат и предвремени парламентарни избори. Овој предлог беше отфрлен од страна на владеачката ВМРО –ДПМНЕ по што кризата во собранието продолжи.
- Дневник (13.01.2013): Груевски не оди на предвремени парламентарни, Црвенковски ќе ги бојкотира Локалните
2. Еден месец подоцна, во февруари 2013 година, СДСМ излезе со соопштение дека дефинитивно ќе ги блокира локалните избори и работата на собранието и уште еднаш ја повика владеачката ВМРО ДПМНЕ на предвреми парламентарни избори, кои според нив се единствен начин за спречување на политичката криза во земјата.
- Гласот на Америка (13.02.2013): СДСМ дефинитивно ги блокира локалните избори
- МКД (24.02.2013): СДСМ не се пишмани: Само предвремни парламентарни избори ќе ја решат кризата
- ЕРепортер (27.02.2013): СДСМ: Не постојат “брзи избори“ само предвремени и редовни
3. На 1 март, по неколку часовна средба со еврокомесарот Штефан Филе, известувачот за Македонија во Европскиот Парламент Ричард Ховит и поранешниот претседател на ЕП Јежи Бузек, СДСМ се сложува да го прекине бојкотот на собранието и да оди на локални збори без предвремени парламентарни избори.
- Сител (1.03.2013): СДСМ ќе оди на локалните избори на 24 Март
- Република (2.03.2013): СДСМ оди на локалните избори, за парламентарните ќе се разговара
4. Во јули 2013 година, новиот лидер на СДСМ, Зоран Заев, излегува со соопштение дека најголемата опозициска партија во Македонија е подготвена да оди на предвремени парламентарни избори.
- Телеграф (16.07.2013): ЗАЕВ: СДСМ е подготвен за предвремени избори
5. Премиерот Никола Груевски, во своето излагање на 25 август, по повод настаните од 24 декември, ја повика опозициската СДСМ на предвремени парламентарни избори кои би се одржале на 13 октомври 2013 година.
- Глас (25.08.2013): Ајде на избори, па нека реши народот
6. Заменик претседателката на опозициксата СДСМ, Радмила Шекеринска, веднаш по излагањето на Премиерот Никола Груевски и повикот за предвремени парламентарни избори во октомври 2013 година, категорично се спротистави на можноста за распишување на предвремени парламентарни избори, иако до јули 2013 година не престануваа повиците на опозициската партија за можноста овие избори да се одржат до крајот на годината.
- Макфакс (25.08.2013): Шекеринска: СДСМ ќе се спротистави на предвремени парламентарни избори
- АлсатМ (31.08.2013): Груевски: СДСМ бега од предвремени избори
Останува да видиме дали до крајот на годината, повиците за предвремени избори ќе останат во фокусот на вниманието на политичката сцена и дали опозициската СДСМ конечно ќе реши дали е ЗА или Против предвремени парламентарни избори.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар