Комичарката Џоан Риверс се шегуваше кога рече дека Мишел Обама е трансродова жена
Комичарката Џоан Риверс се шегуваше кога рече дека Барак Обама е геј, а неговата сопруга дека е трансродово лице, односно дека е родена како маж. Објавата што ја анализираме ваквата шега на Риверс ја претставува како сериозна изјава. Не е точно дека Мишел Обама е родена како маж
Комичарката Џоан Риверс се шегуваше кога рече дека Барак Обама е геј, а неговата сопруга дека е трансродово лице, односно дека е родена како маж. Објавата што ја анализираме ваквата шега на Риверс ја претставува како сериозна изјава. Не е точно дека Мишел Обама е родена како маж
Анализираме објава на Фејсбук која споделува старо видео од 2014 година во кое се воскреснува стара лага во врска со поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел.
Јули, 2014
Џоан Риверс, позната како комичар, писател, продуцент, актер, ТВ водител изјавува дека Мишел Обама е трансродово лице, што би рекло маж кој се чувствува како жена. Слушнете го новинарот колку е изненаден… При крај на август веќе е хоспитализирана и за кратко време, починува, стои во објавата.
Станува збор за видео старо 10 години на кое, сега веќе починатата комичарка Џоан Риверс, тврди дека поранешниот претседател Барак Обама е геј, а поранешната прва дама Мишел Обама е трансродова.
На видеото, Џоан Риверс требала да присуствува на свадба кај геј пар, поради што новинарот ја прашал дали верува дека САД некогаш ќе го видат првиот геј или жена претседател. Нејзиниот одговор, како што известил тогаш Си-ен-ен, бил типичен за Риверс. Како што забележува Си-ен-ен, таа се шегувала.
Веќе го имаме тоа со Обама, па ајде да се смириме, вели таа во видеото и додава: Знаете дека Мишел (Обама) е транс.
На прашањето дополнително да објасни, Риверс вели:
Трансродова личност. Сите го знаеме тоа.
Претставник на Риверс испратил писмена изјава за Си-ен-ен во врска со нејзините комични забелешки на новинарот:
Мислам дека тоа е комплимент. Таа е толку привлечна, висока, со убаво тело, одлично лице, одлично се шминка. Најубавите жени се трансродови. Престанете веќе… и ако сакате да зборуваме за „политичка коректност“, мислам дека ова е „политички некоректен“ напад врз мене затоа што сум стара, Еврејка, жена и „хети“ – хетеросексуалец… и планирам да го тужам репортерот кој кога ја исклучи камерата се обиде несоодветно да ме допре по задникот - за среќа ме удри во зглобот. Прочитајте ја книгата…ако мислите дека тоа е глупо, почекајте да видите што велам за Френклин Рузвелт и Елеонор!.
И Ју-ес-еј тудеј известил тогаш дека Риверс се пошегувала со Обама и забележува дека претерала со шегата за која, како и за многу други навредливи шеги, не се извинила.
Што се однесува, пак, до тврдењето дека поранешната прва дама Мишел Обама не е жена, туку маж, станува збор за стара лага што Вистиномер веќе ја има дебанкирано.
Во 2020 година се ширеше и надградена верзија на овие лажни тврдења во кои се тврдеше дека Мишел Обама, родена со името Мајкл Лаван Робинсон, всушност, била – маж.
Тврдењата дека Мишел Обама била маж ги имаат побиено и други сервиси за проверка на фактите како Ројтерс и Политфакт.
Тврдењата дека Мишел Обама е трансродова жена која е родена како маж не само што се лажни, туку се и апсурдно смешни, бидејќи таа родила две девојчиња – Малија Обама и Саша Обама.
Во ноември 2018 година, Мишел Обама дури и се отвори пред јавноста за своето искуство со неплодност, откривајќи дека доживеала спонтан абортус на почетокот на нивниот брак. На крајот таа и поранешниот претседател Барак Обама прибегнале кон ин-витро оплодување (ИВФ) за да ги зачнат Малија и Саша.
Трансродовите жени не можат да раѓаат или да претрпат спонтани абортуси, бидејќи немаат и јајници и матка. Мишел Обама понекогаш споделува фотографии од своето детство на својот Инстаграм профил. Сите тие се доказ дека пораснала како девојче.
Од сето погоре можеме да заклучиме дека комичарката Џоан Риверс се шегуваше кога рече дека Барак Обама е геј, а неговата сопруга дека е трансродово лице, односно дека е родена како маж. Ваквата шега на Риверс ја претставува како сериозна изјава, заради што сметаме дека на објавата ѝ недостига контекст.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар