Конференција Point 2.0 од 23-ти до 25-ти мај во Сараево

На втората конференција „POINT“ (Политичка одговорност и нови технологии) која ќе се одржи од 23-ти до 25-ти мај оваа година во просториите на Арт-киното „Kriterion“, ќе учествуваат граѓански организации чиишто активности се базираат на употребата на нови технологии.

На втората конференција „POINT“ (Политичка одговорност и нови технологии) која ќе се одржи од 23-ти до 25-ти мај оваа година во просториите на Арт-киното „Kriterion“, ќе учествуваат граѓански организации чиишто активности се базираат на употребата на нови технологии.

point-2.0

Годинава, покрај учесниците од седум земји од Југоисточна Европа, конференцијата ќе биде домаќин и на граѓански организации од Египет, Либија, Тунис, Израел, Палестина, Кипар, Германија, Унгарија, Полска, Словачка, САД, Обединетото Кралство, Исланд, Русија и Азербејџан.

Четиридневната конференција POINT ќе опфати многубројни презентации и проекти, работилници од областа на користењето на новите технологии за граѓански активизам, панел-дискусии, презентации преку Skype и забавни содржини. На конференцијата, со користење на новите технологии и активното учество на корисниците на интернет, ќе се презентираат конкретни примери за активности на граѓанските организации, вклучувајќи и размена на искуства од конкретни области.

Во првите два дена од овогодишната конференција ќе се одржат панел-дискусии и презентации на учесниците. Третиот ден е планиран како неконференциски, па учесниците ќе можат да предложуваат теми за презентации. Во текот на третиот и четвртиот ден ќе се организира „Code sprint“, дводневен натпревар на програмери и други ИТ-ентузијасти за развој на нови софтверски проекти за граѓанска акција.

Првата конференција POINT се одржа од 16-ти до 18-ти февруари 2012 г., опфати пет главни теми, собра повеќе од 100 претставници на граѓански организации од регионот и светот кои имаа можност да ги презентираат најновите случувања во користењето на нови технологии за граѓанските организации.

Конференцијата POINT ја организира граѓанската асоцијација „Zašto ne“ од БиХ во соработка со „CRTA“ од Србија, „Метаморфозис“ од Македонија и „Mjaft“ од Албанија.

Конференцијата ќе биде пренесувана во живо на http://point.zastone.ba

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција