Конфетите фрлени врз Марио Драги се од пред 7 години, немаат врска со актуелните цени на гасот во Италија
Видеоснимката што се споделува во постот е од 2015 година, период кога Марио Драги беше претседател на Европската централна банка (ЕЦБ). Тој на чело на оваа институција беше од 2011-2019 година. Како што пренел Гардијан на 15.04.2015 година, демонстраторка го нападнала претседателот на ЕЦБ, Марио Драги на прес-конференција во Франкфурт по последниот состанок за монетарна политика. Причината за нападот не била висока сметка за гас, како што се тврди во постот, туку револт против ЕЦБ на чие чело бил Драги во моментот на нападот
Видеоснимката што се споделува во постот е од 2015 година, период кога Марио Драги беше претседател на Европската централна банка (ЕЦБ). Тој на чело на оваа институција беше од 2011-2019 година. Како што пренел Гардијан на 15.04.2015 година, демонстраторка го нападнала претседателот на ЕЦБ, Марио Драги на прес-конференција во Франкфурт по последниот состанок за монетарна политика. Причината за нападот не била висока сметка за гас, како што се тврди во постот, туку револт против ЕЦБ на чие чело бил Драги во моментот на нападот
Пост на Фејсбук тврди дека жена, јавно пред камери, го нападнала италијанскиот премиер во оставка, Марио Драги поради драстично зголемена сметка за гас. Постот е придружен и со видео снимка од нападот за кој се тврди дека се случил во скоро време. Проверката на Вистиномер покажа дека информацијата за нападот врз Драги е точна, но не и причината и времето.
Сепак во Македонија не би си дозволиле јавно пред камери дa го тепаат���…
Италија, заедница за обновување Сан Патрињано: сметка за гас август 2021 година 70.000 евра, сметка за гас август 2022 година 730.000 евра, со иста потрошувачка. Зголемување од над 1000%! Во видеото, одговорниот за оваа апокалиптична економска катастрофа, се вели во постот.
Доколку го пребарате видеото на Гугл, ќе видите дека станува збор за снимка од 2015 година, период кога Марио Драги беше претседател на Европската централна банка (ЕЦБ). Тој на чело на оваа институција беше од 2011-2019 година. Како што пренел Гардијан на 15.04.2015 г., демонстраторка го нападнала претседателот на ЕЦБ, Марио Драги на прес-конференција во Франкфурт по последниот состанок за монетарна политика.
Remarkable scenes at today’s ECB press conference: http://t.co/XB6i3QSCd4 pic.twitter.com/sCy08at1bq
— Graeme Wearden (@graemewearden) April 15, 2015
Демонстрантката фрлила светкави хартии и конфети врз Драги и извикала „Крај на диктатурата на ЕЦБ!“. Таа била тргната и однесена од страна на луѓето од обезбедувањето, а Драги останал смирен.
Демонстрантката, за која се смета дека е Џозефин Вит, скокна на масата, фрлајќи конфети врз претседателот на ЕЦБ. Таа, исто така, фрлаше летоци со кои ја осудува „недемократската“ банка и нејзината улога во финансиската криза, и постојано извикуваше „Крај на диктатурата на ЕЦБ“, пред да биде отстранета од безбедносниот персонал, пишува Гардијан.
Како што информирале од ЕЦБ, Вит се пријавила како новинар за да присуствува на прес-конференцијата во новото седиште на Банката во Франкфурт.
Персоналот презеде итна и ефикасна акција, се вели во соопштението на ЕЦБ кое го пренесува Гардијан.
Видеото од нападаот врз Драги може да се најде и на Јутјуб.
Така што, точно е дека Драги бил нападнат јавно пред камери, но тоа не се случило сега, туку пред 7 години. Причината за нападот не била висока сметка за гас, како што се тврди во постот што го анализираме, туку револт против Европската централна банка на чие чело бил Драги во моментот на нападот. Според тоа, можеме да заклучиме дека постот што го рецензираме е манипулативен, неточно е врамен и има погрешен контекст.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар