Конгресниот центар во Охрид не е изграден
Проект: Изградба на повеќенаменска универзална сала и конгресен центар
Опис: Град како Охрид заслужува да има современа и модерна универзална сала и конгресен центар. Преку изградбата на овој комплекс ќе создадеме место на кое ќе може да се одржуваат културно-уметнички настани и ма- нифестации, концерти, опера, балет, театар и кино, а ќе се придонесе во развојот на конгресниот туризам. Проектот во постапка ќе го понудиме на заинтересиран инвеститор со цел да се реализира преку моделот на јавно- приватно партнерство. (Средства: во согласност со проектот Извори на финансирање: ЈПП Рок: 2013- 2017 година)
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Проектот: „Изградба на повеќенаменска универзална сала и конгресен центар“, на охриѓани и на македонската јавност им го ветија ВМРО-ДПМНЕ и сегашниот градоначалник на Општина Охрид Никола Бакрачески во Изборната програма за локални избори (2013-2017) – Нови дела за нов напредок, нови дела за подобар Охрид. Проверката на „Вистиномер“ покажа дека ова изборно ветување досега (01.09.2017) не е исполнето.
Градоначалникот на Охрид, Бакртачески не успеа да го реализира птоектот во мандатот 2013-2017 година, но се надева дека ќе го реализира во наредниот мандат. Во Отчетот за сработеното објавен на интернет страницата на Општина Охрид од јануари годинава, Бакрачевски наведува дека јавното-приватно партнерство отпаѓа од игра бидејќи сега планира овој проект да го реализира со пари на државната енегретска компанија ЕЛЕМ.
Во Отчетот се додава и дека урбанистичко-планската документација е во завршна фаза на подготовка, а проектот треба да се реализира во првата половина на годината.
КОНГРЕСЕН ЦЕНТАР ПО СВЕТСКИ СТАНДАРДИ: Конгресниот центар ќе биде лоциран во населбата Далјан или на просторот помеѓу сегашниот станбен комплекс и истоимениот постоечки хотел. Тоа ќе биде еден од позначајните капитални проекти кои многу одамна му недостасува на Охрид.Финансиската конструкција за реализација на проектот ќе биде на ЕЛЕМ. Урбанистичко-планската документација што ја обезбедува Општина Охрид е во завршна фаза, а почетокот на градежните активности се очекува да биде во првата половина на 2017 година.Конгресниот центар треба да има една голема сала или главна арена во која би се одвивале големите конгресни активности со капацитет од 1 500 до 2 000 седишта и 4 до 6 помали сали со капацитет за 200 лица. Со овој капитален проект видно ќе се придонесе за развој на конгресниот туризам. Главните активности би се одвивале во големиот конгресен центар, а сателитските симпозиуми во салите од охридските хотели.(Страна 243 оддел Статус на капитални проекти од Отчетот на градоначалникот Бакрачески)
Конгресниот центар во Охрид како проект ВМРО-ДПМНЕ го планираше и во својата Предизборна програма „Реално“ за параментарните избори во 2016 година. Партијата планирала овој конгресен центар да го гради со пари од државниот Буџет и тоа во преиодот од 2017 до 2020 година.
ПРОЕКТ: ИЗГРАДБА НА КОНГРЕСЕН ЦЕНТАР ВО ОХРИД Во Охрид, во населбата Далјан ќе се изгради еден од најпрестижните конференциски центри во Европа. Конгресниот центар ќе содржи повеќе објекти за организирање на настани, конференции, семинари, собранија, специјалистички предавања од разни области, од големи деловни собири до свечени манифестации, изложби, промоции, банкети и гала вечери со вкупен капацитет за околу 1.500 луѓе истовремено и тоа: » Врвно опремени 5-6 мултифункционални сали за саемски изложби и состаноци со капацитет до 100 луѓе; » Една голема сала за најмалку 1.000 луѓе; » 2-3 мали сали за билатерални средби; » Киносала со капацитет за 200 лица; » Ресторан и паркинг простор. Со изградбата на конгресен центар го надополнуваме туристичкиот капацитет и видот на услуги кои ги овозмо- жува Охрид и воопшто Република Македонија. (Буџет: 10.000.000 евра РОК: 2017-2020 ГОДИНА)
Од она што како информација е достапно на јавноста за реализираното досега во врска со проектот е тоа дека државната компанија ЕЛЕМ се определи за идејно решение кое го изготвила архитектката Ивана Ралевиќ и е распишан оглас за избор на проектантска куќа што ќе го изработи основниот проект, вклучувајќи ја и неговата ревизија. За подготовка на основниот проект ЕЛЕМ е предвидено да издвои околу 18 милиони денари. (Билд)
Од достапните документи, но и од Отчетот на градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачевски од јануари годинава (2017), се гледа дека овој проект кој тој го вети во својата програма (2013- 2017) не е реализиран. Ова се потврдува и со тоа што неговата партија ВМРО-ДПМНЕ го планирала да го гради во периодот 2017- 2020 година.
ИЗВОРИ:
- Изборна програма за локални избори на ВМРО-ДПМНЕ (2013-2017) –Нови дела за нов напредок, нови дела за подобар Охрид [Пистапено: 01.09.2017]
- Отчет на Никола Бакрачески, градоначалник на Општина Охрид за оствареното во мандатот 2013 -2017 [Пистапено: 01.09.2017 година]
- Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ (2017-2020) „Реално“ [Пистапено: 01.09.2017]
- Билд (03.05.2017): Ќе се подготви основен проект за Конгресниот центар во Охрид [Пистапено: 01.09.2017]
Оцени: Рада Исовска-Маневска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар