Конкурс за постер за борба против дезинформациите на Западен Балкан

Фото: Француската агенција за развој на медиумите (CFI) објави конкурс за креирање на постер за борба против дезинформации

Како дел од проектот „Balkan Voices 2“ и „Shared Horizons“, Француската агенција за развој на медиумите (CFI) објави конкурс за креирање на постер, кој што ќе служи како регионална иницијатива чија цел е да ја подигне свеста кај младите од Западен Балкан за опасностите од дезинформации, и борбата против дезинфомрациите.

Како дел од проектот „Balkan Voices 2“ и „Shared Horizons“, Француската агенција за развој на медиумите (CFI) објави конкурс за креирање на постер, чија цел е да ја подигне свеста кај младите од Западниот Балкан за опасностите од дезинформации и борбата против дезинфомрациите.

Конкурсот е отворен за лица до 30 години од земјите на Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Учесниците се поканети да создадат оригинални постери кои го истражуваат влијанието на лажните вести и ја промовираат важноста на веродостојните, висококвалитетни информации.

 

Цели на Конкурсот

Поттикнување на граѓанскиот ангажман и медиумската писменост кај младите. Истакнете ги социјалните, политичките и културните последици од дезинформациите. Промовирајте критичко размислување и креативно изразување преку визуелна комуникација.

 

Награди

Од секоја земја од Западен Балкан ќе бидат избрани тројца победници, и ќе бидат катогоризирани со прва, втора и трета награда кои ќе варираат од 600, 300 и 100 евра. Победничките постери ќе бидат прикажани и онлајн и на јавни изложби низ целиот регион и ќе бидат дел од пошироката кампања за медиумска писменост имплементирана од CFI и нејзините партнери.

Постерите треба да бидат на тема борба против дезинформации: како тие се шират, последици и како можеме да се спротивставиме. Стиловите можат да варираат од симболичен, хумористичен, емотивен или смел стил.

Сите детали можат да се прочитаат на сајтот на CFI. Рокот за аплицирање е 25 мај.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција