Контраспин: Додека се чека пикот да се молиме на Господ за повеќе среќа!

Фото: zdravstvo.gov.mk

Недозволива  е позицијата да се седи и да се чека пикот или крајот на третиот бран, бидејќи воведувањето дополнителни рестирктивни мерки, не би дало резултат. Со ваквиот пристап се испраќа страшна порака до граѓаните, дека нема веќе што да се направи и дека се оставени сами на себе. Еден куп европски држави, но и тука во соседството – Германија, Франција, Италија, Словенија, Србија, Грција, Бугарија, воведоа посилни мерки: подолг полициски час, затворање на барови, ресторани, молови, ограничување на движењето меѓу различни региони, некаде и карантин… И секако дека тие даваат резултат, инаку зошто би ги донеле

Недозволива е позицијата да се седи и да се чека пикот или крајот на третиот бран, бидејќи воведувањето дополнителни рестирктивни мерки, не би дало резултат. Со ваквиот пристап се испраќа страшна порака до граѓаните, дека нема веќе што да се направи и дека се оставени сами на себе. Еден куп европски држави, но и тука во соседството – Германија, Франција, Италија, Словенија, Србија, Грција, Бугарија, воведоа посилни мерки: подолг полициски час, затворање на барови, ресторани, молови, ограничување на движењето меѓу различни региони, некаде и карантин… И секако дека тие даваат резултат, инаку зошто би ги донеле

 

Пишува: Оливера Војновска

 

По координацијата на министерот за здравство, Венко Филипче, со директорите на ковид центрите и претседателот на Комисијата за зразни болести, Министерството излезе со соопштение во кое се препознава спин:

Спин: Според анализите на епидемилозите, нема потреба од воведување на нови дополнителни рестирктивни мерки, односно истите не би дале резултат со оглед на тоа што се наоѓаме на крајот на активноста, на респираторниот вирус, односно на 6 до 8 недела од третиот бран. Тоа, според епидемиолозите, значи дека вирусот има широка инфекција на територијата на целата држава…, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

[Извор:zdravstvo.gov.mk; датум: 30.03.2021]

Контраспин: Оценката на епидемиолозите дека нема потреба од воведување построги мерки, бидејќи тие не би дале резултат во услови кога коронавирусот е премногу раширен, е несмасна и делува збунувачки. Зачудува ваквиот спинерски став во ситуација кога во земјата  има речиси 19.000 активни случаи на ковид-19, бројот на починати надмина 3.700, а истиот ден кога здравствените власти одлучлија да не се воведуваат нови рестриктивни метрки, 41 лице ја загуби битката со опасната болест. Истовремено, особено загрижува тоа што болниците се преполни, секојдневно гледаме и слушаме за маките на луѓето кои се шетаат од болница до болница, молејќи за кревет за своите најблиски.

Наспроти пораките дека „болничките капацитети за ковид пациенти зголемени за 50 отсто“, реалноста на терен е поинаква. Расте притискотот на болниците од наплив на пациенти во тешка состојба на кои им е потребен кислород. Во штипскиот и кочанскиот ковид-центар, во вторникот (30.03.2021) немаше слободни болнички кревети, таму е преполна и модуларната болница. Министерството за здравство денес соопшти дека во ковид-центрите во дражавата има хоспитализирано рекордни 1.581 пациент, што е најмногу од почетокот на падемијата досега.

И во една таква сложена здравствена ситуација да се каже дека тие се мерките и нема што друго да се прави, е крајно разочарувачки. Целосно неодговорно е да се кренат рацете во смисла „тоа е, нема решение“! Па, нели затоа се институциите, за да бараат, да изнаоѓаат решенија, или барем некако да ги ублажат последиците. Просто е недозволива позицијата да се седи и да се чека пикот или крајот на третиот бран, бидејќи воведувањето дополнителни рестирктивни мерки, не би дало резултат. Со ваквиот пристап се испраќа страшна порака до граѓаните, дека нема веќе што да се направи и дека се оставени сами на себе. Па, додека го чекаат пикот од заразата им останува само да се молат на Господ за повеќе среќа!

Но, дали навистина се исцрпени докрај сите можности? Дали полицискиот час од 22 до 5 часот, затворањето во 21 часот на угостителските објекти, моловите, продавниците,  се „врвот“ од мерки во битката со коронавирусот?

Еден куп европски држави, но и тука во соседството – Германија, Франција, Италија, Словенија, Србија, Грција, Бугарија, воведоа посилни мерки: подолг полициски час, затворање на барови, ресторани, молови, ограничување на движењето меѓу различни региони, некаде и карантин…  Секако дека тие мерки даваат резултат, инаку зошто би ги донеле?!

Арно ама, нашите здравствени власти сметаат дека сите можности се исцрпени и нема поента од воведување на нови мерки, што е класично спинување.

И, после ваквата демонстрација на немоќ и неорганизираност на системот, прозвучува некако лицемерно денешната порака на министерот Венко Филипче, со која ги повикува граѓаните да ги почитуваат мерките, бидејќи состојбата во болниците е сериозна.

Здравствениот систем секојдневно се менаџира,се обезбедуваат нови болнички легла, медицинскиот кадар е целосно мобилизиран, но состојбата во болниците е многу сериозна. Затоа, од огромна важност е граѓаните да ги почитуваат мерките за да ни помогнат здравствениот систем да остане одржливво битка со ковид пандемијата, напиша утрово Филипче на својот профил на „Фејсбук“ (31.03.2021)

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција