Контраспин: Кој го кочеше рестартирањето на ОХИС, ЕМО, ОТЕКС…?

Дел од ОХИС, со кој Владата на ВМРО-ДПМНЕ управуваше до лани. Фото: Колаж Вистиномер

Десет години да си одоговрен за економските политики, да спроведуваш неуспешни тенедери за продажба на големи стопански и индустриски објекти, а за тоа што не си успеал и нема да успееш во 2017 г. да ја обвиниш опозиционата партија, е чист спин, а можеби и повеќе од тоа

 

Десет години да си одоговрен  за економските политики, да спроведуваш неуспешни тенедери за продажба на големи стопански и индустриски објекти, а за тоа што не си успеал и нема да успееш во 2017 г. да ја обвиниш опозиционата партија, е чист спин, а можеби и повеќе од тоа

 

Пишува: Tеофил Блажевски

 

Претставник на раководните структури на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Лука Кржалоски, на 21.02.2017 ја даде следнава изјава, за која оценуваме дека е извртена вистина, т.е. спин:

Спин: …СДСМ со своето неодговорно однесување ги опструира многуте проекти кои што се во интерес на граѓаните.

Еден од проектите кој требаше да отпочне во 2017-тата година е проектот „За рестартирање на стопанските кацитети – жртви на транзицијата“.

Со овој проект треба да се реши статусот на повеќе од 320 компании чии имоти пропаднаа во транзицијата создадена и спроведена од СДСМ.

Преку законските измени кои што се предвидуваа треба да им се овозможи на идните купувачи на имотот од друштвата да ги рестартираат и да ги стават во функција за вршење на стопанска дејност…

[Извор: ВМРО-ДПМНЕ/веб, датум: 21.02.2017]

Kontraspin - foto Vistinomer

Контраспин: Доскорешната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ излезе со тврдење дека во врска со кочењето на процес на рестартирање на компании, кои се наречени жртви на транзицијата (320), поранешни или сè уште активни правни субјекти е виновна опозицијата.

Ваквото тврдење нема никаква врска со вистината и претставува чист и очигледен спин, бидејќи, како што ѝ е познато на севкупната јавност, партијата Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) не бил во позиција да ја управува централната власт повеќе од десет години, па оттука ниту владините економски политики.

Соопштението може да се разбере како порака до јавноста во стилот „еве што пропуштате“, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ иако го доби мандатот по вонредните парламентарни избори не успеа да состави влада, а сега тоа се обидува да го направи СДСМ. На тоа упатува и конструкцијата на овој дел од соопштението – изјава:

Еден од проектите кој требаше да отпочне во 2017-тата година е проектот „За рестартирање на стопанските кацитети – жртви на транзицијата“.

За поткрепа на нашата оценка дека станува збор за чист спин, да наведеме само неколку факти.

Факт е дека огромен број на компании за време на спроведувањето на приватизацијата и процесот на транзиција (кој кај нас прашање е дали е вооопшто завршен), не успеаја да се преструктуираат и да прoдлжат успешно да стопанисуваат. Факт е дека тој процес од 1994 до 1998 г. директно го водеа СДСМ и во еден дел либералите, па потоа го наследија ВМРО–ДПМНЕ и ДПА (од 1998-2001 г.), па дојде воено-конфликтната 2001 г., па од 2002 до 2006 повторно СДСМ во коалиција со ДУИ. (неколку детали тука).

Но, исто така е ноторен факт дека цели 10 години и 8 месеци извршната власт (со мали прекини лани), во целост ја имаат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Оттука прашањето: Koj го спречуваше ВМРО-ДПМНЕ – партија чии луѓе, почнувајќи од Никола Груевски, генерално ја водеа економската политика во овие 10 години и 8 месеци – да направи претходно некој посеопфатен проект за евентуално рестартирање на 320-те пропадната компании во Република Македонија од времето на транзицијата?

Како пример ќе наведеме три поголеми некогашни гиганти кои вработуваа повеќе илјади работници – ОХИС од Скопје, ЕМО од Охрид и ОТЕКС, исто така, од Охрид.

Од партијата ВМРО-ДПМНЕ убаво би било да појаснат, на пример, зошто и покрај 12-13 тендери за продажба на ОХИС, некогашен хемиски гигант, компанијата со пет различни фабрики внатре конечно мораше да замине во стечај во 2016 година, на дел од преостанатите вработени сè уште да не им бидат подмирени сите обврски (барем до скоро) и што е најважно, – на граѓаните на Скопје и Македонија да им остави во наследство вистинска еколошка бомба со околу 13.000 тони линдан и други отровни материи, за чие чистење, според сите проценки, беа потребни околу 20 до 25 милиони евра и кои можеше да се најдат и од европски фондови. Прашањето е зошто сето ова не е сторено и покрај тоа што партијата и владата директно ги поставуваа менаџерските тимови?

Слична судбина, иако барем безопасна по животната средина, има и охридски ЕМО, кого владата реши да го управува и да го спасува, но веќе во јануари 2017 г. го „пушта низ вода“, за што сведочи и следнава вест:

„ЕМО“ е повеќегодишен загубар и во лоша финансиска состојба. Компанијата е во доминантна државна сопственост откако Владата одлучи да конвертира државен долг во влог и со тоа да го преземе управувањето со оваа компанија.

Владата многу пати досега безуспешно се обиде да најде инвеститор за овој загубар. потенционалните инвеститори бегаа од овој загубар поради превработеноста.

Вистина е дека на крајот од 2016-та, барем во дел од погоните на некогашниот гигант е отворена браунфилд германска инвестиција, но факт е дека долговите на ЕМО остануваат и затоа е отворен стечајот иако владата управувала со него.

Следната вест, пак, зборува за сагата на охридскиот текстилен гигант ОТЕКС, која е регистрирана и во 2005, па се барало напори да направи и Владата на Никола Груевски, за на крај фирмата да биде ликвидирана, ама уште да постои на хартија и да постојат сомневања за криминал кој постои и денес. Тоа може да се види од последниот собир на акционери оддржан пред десетина дена.

Од примерите, посебно од првите два, може јасно да се види дека се пропуштени многу години за да се направат сериозни планови за начинот на рестартирање на некогашните големи компании, кои вработуваа многу луѓе. Притоа, СДСМ ниту формално ниту неформално не ги водеше економските политики. Затоа е јасно, дека овие тврдења на ВМРО-ДПМНЕ, за СДСМ како виновник што, ете, нема да можеле да рестартираат 320 поранешни компании – жртви на транзицијата, е спин.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција