Контраспин: Милошоски спинува, законот за учебници не е трајно повлечен
Од контекстот во којшто пратеникот Антонио Милошоски ја пренесува информацијата, се добива впечаток дека предлог-законот за учебници е трајно повлечен, односно дека владејачкото мнозинство се откажало од носење на таков закон.Тоа не е точно. Предлог законското решение е привремено повлечено заради доработка. Со испуштањето на оваа информација во објавата на Милошоски, јавноста се доведува во заблуда дека предлог-законот е комплетно повлечен под јавен притисок, што не е така. Истиот ден кога Милошоски тврдеше дека законот е повлечен, тој се најде на дневен ред во Владата, по што повторно ќе биде доставен до Собранието. Ова законско решение предизвика дебата во јавноста поради тоа што во него фокусот се става на дигитализацијата, односно на обезбедување на други форми на достапност, покрај хартиената верзија на учебниците
Од контекстот во којшто пратеникот Антонио Милошоски ја пренесува информацијата, се добива впечаток дека предлог-законот за учебници е трајно повлечен, односно дека владејачкото мнозинство се откажало од носење на таков закон.Тоа не е точно. Предлог законското решение е привремено повлечено заради доработка. Со испуштањето на оваа информација во објавата на Милошоски, јавноста се доведува во заблуда дека предлог-законот е комплетно повлечен под јавен притисок, што не е така. Истиот ден кога Милошоски тврдеше дека законот е повлечен, тој се најде на дневен ред во Владата, по што повторно ќе биде доставен до Собранието. Ова законско решение предизвика дебата во јавноста поради тоа што во него фокусот се става на дигитализацијата, односно на обезбедување на други форми на достапност, покрај хартиената верзија на учебниците
Пишува: Мирослава Бурнс
Пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски на својата страница на Фејсбук, каде го следат речиси 50 илјади луѓе, изнесе спинувана информација во која вели:
СПИН: После силните реакции од јавноста, од собраниска процедура вчера е повлечен Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование!
[Извор: Фејсбук профл на пратеникот Антонијо Милошоски; датум: 27.04.2021]
КОНТРАСПИН: Овој на пост на пратеникот Антонио Милошоски е споделен над 50 пати, а поткрепен е со фотографија од системот на Собранието на Република Северна Македонија, каде што пишува дека материјалот е повлечен од страна на предлагачот. Меѓутоа, од контекстот во кој што Милошоски ја пренесува оваа информација, се добива впечаток дека всушност, материјалот на предлог-законот е трајно повлечен, односно дека таков закон владејачкото мнозинство нема да продолжи да го турка во собраниската процедура. Тоа не е точно.
Информацијата која е испуштена во постот на Милошоски, е онаа за причините на повлекувањето на предлог-законот. А тие се следни:
Министерството за образование и наука не се откажува од носењето на целосно нов закон за учебници со кој се воведуваат современи материјали за учење и се нуди можност за дигитализација.
Ги повикуваме граѓаните и родителите да не подлегнуваат на грубите лаги и политички манипулации пласирани во јавност од страна на пратеници од опозицијата. Во интерес на објективно и вистинито информирање на јавноста по координација со Секретаријатот за европски прашања Законот е вратен за да се дополни само делот за усогласување со европските документи, како дел од процесот на усогласување на националното со европското законодавство. Законот денес е на дневен ред на Влада, по што ќе биде доставен до Собранието, соопштија од Министерството за образование.
Оттаму појаснуваат дека при усогласувањето со СЕП, земени се предвид стратешките документи и препораки донесени од страна на Европската комисија кои се однесуваат на образованието и дигитализацијата како:
- Обликување на дигиталната иднина на Европа (Shaping Europe`s digital future);
- Дигиталниот образовен акциски план 2021-2027 (Digital Education Action Plan 2021 – 2027);
- Европската област за образование до 2025 година и Комуникето за достигнување на Европската област за образование до 2025 година и трансформирање на образованието и обуката за дигиталното време (European Education Area 2025 и Communication on Achieving a European Education Area by 2025 and resetting education and training for the digital age);
Во фокусот на овие докумнти е развојот на дигиталните вештини на учениците, креирање и употреба на дигитални наставни материјали, развој на едукативни платформи, развој на дигиталните вештини на наставниците и трансформација на училиштата во средини во кои се негуваат и развиваат дигиталните вештини и компетенции на учениците, со крајна цел поголема инклузивност и зголемување на квалитетот на образовниот процес.
Од ова јасно се гледа дека предлог законот е на доработка, а не е повлечен.
Министерството во својата реакција, исто така, појаснува дека во септември 2020 година Европската комисија усвои две иницијативи кои имаат за цел да го зајакнат придонесот на образованието и обуката во закрепнување на ЕУ од кризата и да помогнат во градењето на „зелена“ и дигитална Европа. Првата иницијатива е заживување на Европска област за образование со шест димензии: квалитет, инклузија и родова еднаквост, зелени и дигитални транзиции, наставници, високо образование, посилна Европа во светот. Втората иницијатива е новиот Акциски план за дигитално образование (2021 – 2027) со иницијативи за висококвалитетно, инклузивно и достапно дигитално образование во Европа. Планот предвидува акција и посилна соработка меѓу земјите членки на европско ниво, како и меѓу сите засегнати страни, со цел системите за образование и обука да се направат соодветни за дигиталното време.
Здравствената криза го стави учењето од далечина во центарот на образовните практики. Тоа ја истакна потребата од унапредување на дигиталното образование и негово третирање како клучна стратешка цел за висококвалитетно учење и учење во дигиталното време. Како што ќе се надминува фазата на вонредна состојба наметната од избувнувањето на пандемијата, така ќе расте потребата од развивање стратешки и долгорочен пристап кон дигиталното образование и обука. Спомнатите иницијативи ќе треба да понудат начини за подобрување на квалитетот, особено во однос на основните и дигиталните вештини, да го направат училишното образование поинклузивно и родово чувствително и да ги подобрат постигањата на учениците, се вели во реакцијата од Министерството за образование.
Истиот ден кога Милошоски тврдеше дека законот е повлечен, тој се најде на дневен ред во Владата, по што повторно ќе биде доставен до Собранието.
Сумирано, предлог законското решение е привремено повлечено заради доработка. Со испуштањето на оваа информација во објавата на Милошоски, јавноста се доведува во заблуда дека предлог-законот е комплетно повлечен под јавен притисок, што не е така. Ова законско решение предизвика дебата во јавноста поради тоа што во него фокусот се става на дигитализацијата, односно на обезбедување на други форми на достапност, покрај хартиената верзија на учебниците.
Дигитализацијата на учебниците дозволува тие да се ревидираат секоја година пред почетокот на учебната година, за да нема застарени податоци и содржини кои не соодветствуваат на реалноста. Ова е клучна промена и придобивка со кој се обезбедуваат современи дидактички средства кои се прилагодуваат на брзите општествени промени и трендови.
Законот предвидува за секој наставен предмет, наместо само еден, да се применуваат најмногу до три учебници, како практика на отворени образовни ресурси, преку која се обезбедува автономија на наставниците во изборот на литература, затоа што тие самите на ниво на училишен колектив ќе одлучуваат кој од одобрените учебници по секој предмет ќе се користи во наставата.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар