Контраспин: Напразни скандализирања за Џезаир Шакири

Фото: ВМРО-ДПМНЕ, веб страна

Ако се бараат примери на ерозија на принципи и вредности во поновата политичка историја на Република Македонија, времениот договор за работа со плата од 30-тина илјади денари на Џезаир Шакири, како надворешен советник во Владата на РМ, е нешто што би можело да се стави, евентуално, при дното на листата примери. А најсканадилизрани секако би требало да бидат Ахмети и Тачи…

 

Ако се бараат примери на ерозија на принципи и вредности во поновата политичка историја на Република Македонија, времениот договор за работа со плата од 30-тина илјади денари на Џезаир Шакири, како надворешен советник во Владата на РМ, е нешто што би можело да се стави, евентуално, при дното на листата примери. А најсканадилизрани секако би требало да бидат Ахмети и Тачи…

 

Пишува: Теофил Блажевски

 

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, реагираше во врска со случајот со Џезаир Шакири – Хоџа, при што ја искажа следнава извртена вистина односно спин:

Спин: Дека за да се добие позиција во владата треба да се зароби некое село или град, и дека тоа се критериуми за напредок, а не професионалните компетенции, какво образование или минат труд има зад себе. СДСМ и во овој мандат си го пронајде новиот Красничи, но овој пат награден и со позиција во владата. Ова е време кога имаме целосна ерозија на принципите и вредностите

[Извор: ВМРО-ДПМНЕ-веб страна, датум: 06.05.2018]

Kontraspin-foto-Vistinomer-1024x281-e1500652724996

Контраспин: Христијан Мицкоски, приклучуваји му се или поттикнувајќи го на тој начин скандализирањето на дел од јавноста околу тоа што Џезаир Шакири, познат како „командант Хоџа“ бил назначен за советник во Владата на Зоран Заев, наведува дека за да се добиело позиција во владата требало да се зароби некое село или град, како и тоа дека ова било време на целосна ерозија на принципи и вредности. Овие тврдења, особено ова последното, го сметаме за извртена вистина, односно спин.

Нема ама баш ниту една причина Мицкоски (и другите) да се „скандализира“ околу именувањето на Шакири за било што. Ако буквално се фаќаат за зборовите на Шакири дека имал еден вид политички договор со Заев тој да го ослободи Танушевци, тогаш тоа мора фигуративно да се разбере, зашто не се сеќавам во јавноста да имало вест дека Танушевци, селото од каде е роден Шакири, било заробено.

Втора линија по која се движи скандализирањето е дека, т.н. командант Хоџа е на американската „црна листа“. Да, навистина е така. Џезаир Шакири – Хоџа е ставен на оваа листа при крајот на 2004 година од администрцијата на Џорџ Буш, како лице кое прави опструкции на Охридскиот рамковен договор. Но, на таа листа, во таа 2004 година се ставени и Мендух Тачи од Република Македонија, како и Авдиљ Јакупи од Штимље од Косово. Во декември 2012, американската администрација појаснува дека лицата се ставени поради екстремистички делувања, вклучувајќи ја опструкцијата на Охридскиот договор.

Не не интересира премногу за Авдиљ Јакупи, т.н. командант Чакала, кој одлежа 14 години затвор, тврдејќи дека е невин и дека го наместил Зоран Верушевски за минирање на пруга на која требало да мине меѓународен воз, и кој таа иста 2004 година година киднапирал и две лица… Но, другите двајца, Мендух Тачи и Џезаир Шакири се познати, меѓу другото, што како „екстремисти“ биле и пратеници на Собранието на Република Македонија. Џезаир Шакири додуша само во еден мандат од 2002 до 2006 година, како пратеник од Народната демократска партија – НДП.

Впрочем, Мендух Тачи е се уште на таа листа, па тоа не му пречеше да биде фактор при т.н. Пржински договори или дури и сега со двајца пратеници да се шпекулира дека може да биде коалиционен партнер во Владата.

Она по што Џезаир Шакири можеби е најпознат, е по неговите чести вербални екстремни изјави против Али Ахмети и Мендух Тачи, како кон луѓе кои за пари ги продале интересите на Албанците во Македонија, особено на дел од поранешните воени командати. Но, секако е најпознат по обвинувањето, кое, се разбира, ја засега и партијата ВМРО-ДПМНЕ, дека влегувањето на косовската терористичка група во кумановското Диво Насеље во 2015 година било претходно договарана на двочасовен состанок помеѓу агент на Агенцијата за разузнавање на РМ и дел од предводниците на групата. Впрочем, само три дена по настаните се потврди дека уште едно лице од Македонија, Садула Дураку, бил во Косово и разговарал со дел од лицата што беа предводници на групата и тоа по налог на Али Ахмети, но тој тогаш тврдеше дека отишол со спротивна намера – да ги разубеди косоварите да не влегуваат во земјава…

Така што, земјаќи ги предвид сите овие јавно познати факти околу Џезаир Шаќири, причини за скандализирање нема. А, уште помалку, пак, за тврдење дека „ова е време на целосна ерозија на принципите и вредности“.

Ако се бараат примери на ерозија на принципи и вредности во поновата политичка историја на Република Македонија, времениот договор за работа со плата од 30-тина илјади денари на Џезаир Шакири, како надворешен советник во Владата на РМ, е нешто што би можело да се стави, евентуално, при дното на листата примери. А најсканадилизрани секако би требало да бидат Ахмети и Тачи…

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција